Ендрју Томас (роден на 1 септември 1998, во Москва) — руско-американски фудбалер, голман на Сиетл Саундерс.

Биографија Томас е роден во Москва, Русија, од татко американец и мајка русинка. Неговото семејство се преселило во Лондон на негова рана возраст, поради што, тој поседува три државјанства: на Русија, САД и Велика Британија. Томас учел во средното училиште Merchant Taylors' School, во Нортвуд, Лондон.

Клупска кариера Откако се преселил со семејството во Лондон, Томас во 2008 година се приклучил на академијата на Вотфорд на возраст од 9 години, а подоцна помогнал на нивниот тим под 18 години да ја освои титулата во Professional Development League South во 2016 година, притоа забележувајќи девет последователни натпревари без примен гол.

На 21 октомври 2016 година, Томас преминал на краткорочна итна позајмица во екипата на Вилдстоун во шесттото ниво на англискиот фудбал, по повредата на нивниот прв голман Џонатан Норт. Своето деби го направил веќе следниот ден, бранејќи во победата на Вилдстоун на гостински терен над Госпорт Боро со 3-1 во во Националната лига на Англија - Југ. Тоа бил неговиот единствен настап за Вилдстоун по што се вратил во Вотфорд, а по завршувањето на таа сезона, Томас одлучил да го напушти клубот и да се пресели во САД за да студира на универзитетот во Стенфорд.

Додека студирал, тој играл колеџ фудбал, а во 2019 година направил два настапи за Сан Франциско Сити во УСЛ Лига Два првенството.

Поради тоа што пандемијата на КОВИД-19 влијаела врз сезоната на колеџ-фудбалот, Томас немал право да учествува на МЛС Супердрафтот 2021 во јануари 2021 година. Сепак, на 20 мај 2021 година било објавено дека Томас, Џејкоб Монтес и Спенсер Глас ќе им бидат достапни на клубовите од МЛС преку процесот на откажување од права. Следниот ден, го откупил првото место во процесот на доведување играчи со откажани права од во замена за 50.000 долари, а потоа го избрал Томас.

Со цел да собере повеќе искуство Саундерс го позајмиле Томас во првите негови сезони во клубот на Такома Дефијанс и Њу Мексико Јунајтед, каде играл редовно во МЛС Некст Про и УСЛ првенствата.

Томас се вратил во Саундерс во 2024 година и го направил своето деби во МЛС во првиот натпревар од регуларниот дел на сезоната против ; во тој натпревар, забележал 4 одбрани но не успеал да му помогне на клубот да го избегне поразот со 2–1. Во текот на сезоната, тој бил втора опција зад Штефан Фрај, но сепак успеал да забележи 15 настапи во сите натпреварувања. Следната сезона, тој повторно бил резерва за Фрај, но бил прв голман во Купот на лигите, каде што ја освоил наградата за најдобар голман и забележал четири натпревари без примен гол, додека Саундерс ја освоиле титулата во натпреварувањето. Сезоната ја завршил со вкупно 18 настапи (9 во МЛС, 2 во УС купот, 6 во Купот на лигите и еден во КОНКАКАФ Купот на шампионите).

Предвид поодминатата возраст на Фрај и одиличната форма на Томас, почнувајќи од сезоната 2026, тој станал прв голман на Саундерс.

Титули Сиетл Саундерс Куп на лигите : 1 2025

Поединечни Најдобар голман на Купот на лигите: 2025

Наводи

Надворешни врски

Ендрју Томас на soccerway Ендрју Томас на transfermarkt Ендрју Томас на espn Ендрју Томас на whoscored

Категорија:Руски фудбалери Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Сиетл Саундерс Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година