Samolus или северница — широко распространет род од околу десетина видови водени билки и амфибиски цветни растенија. Според APG III системот на класификација, овој род припаѓа во семејството на јагликите (Primulaceae), во рамките на редот на вресовидните (Ericales), кој ги опфаќа рододендроидните евдикоти. За овој род порано се сметало дека е во блиска сродност со со кладот што ги опфаќа Theophrastaceae поради што се класифицирал или во тоа исто семејство, или во посебно самостојно семејство со еден род — Samolaceae. Според класификацијата APG III, овие посебни семејства веќе не се признаваат како такви, а сите родови што претходно припаѓале на Theophrastaceae се префрлени во семејството на јагликите (Primulaceae). Опис Samolus претставува род од повеќегодишни тревести растенија со следниве карактеристики: листовите се распоредени спирално и често се собрани во приземна розета. Чашката е ѕвонеста, на врвот поделена на пет запци и делумно споена со плодникот. Венечната труба (цевка) е кратка, а горниот дел на венчето е петделен и широко распореден. Има пет прашници кои се сместени во венечната цевка. Меѓу венечните делови се наоѓаат пет лушпи, односно стаминодии. Плодникот е полупотцветен и има топчеста форма. Столпчето е кратко. Плодната кутијка е округла и се отвора преку пет мали запци. Видови Според последната целосна таксономска класификација, во овој род се вклучени следниве видови: Samolus cinerascens Samolus dichondrifolius Samolus ebracteatus Samolus junceus Samolus porosus Samolus pyrolifolius Samolus repens Samolus spathulatus Samolus subnudicaulis Samolus vagans Samolus valerandi Во Македонија овој род е застапен единствено со видот Samolus valerandi, кој се среќава покрај потоци и блата, на влажни и засолени почви. Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија