Двоен удар () — американски акционен филм со Жан-Клод ван Дам во двојна главна улога, во режија на Шелдон Летиќ, според сценарио напишано во соработка со Ван Дам, Стив Мирсон и Питер Крајкс. Покрај сценариото и глумечката работа, Ван Дам бил ангажиран и како кореограф на борбените сцени, а за првпат и како продуцент заедно со Ашок Амритраж и Пол Мајкл Глајзер. Компаниите што го вршеле производството се Stone Group Pictures (основана од Мајкл Даглас, кој покрај Летиќ станал еден од сопродуцентите на филмот) и Producers Sales Organization. Филмот е трет заеднички проект на Летиќ и Ван Дам, кои претходно соработувале на филмовите Лавовско срце и Крвав спорт.
Заплетот на филмот раскажува за двајца браќа близнаци — Чед и Алекс, разделени во раното детство откако нивните родители биле убиени по нарачка на деловниот партнер на татко им, господинот Грифит. По 25 години се среќаваат во Хонгконг и ги здружуваат силите за да им се одмаздат на злобниците што им ги одзеле животите на нивните родители.
Снимањето на филмот се одвивало во Хонгконг и Лос Анџелес во текот на осум недели — од 4 ноември до 30 декември 1990 г. Во кината лентата за првпат излегла на 31 јули 1991 г. во Франција, а на 9 август компанијата Columbia Pictures го пуштила филмот во кината во САД под впечатливиот слоган „Двоен Ван Дам — Двоен удар“. Во 1992 г. за улогата во филмот Ван Дам ја добил првата од своите три номинации за наградата MTV Movie Awards во категоријата „Најпосакуван маж“. Филмот постигнал голем трговски успех — со буџет од 15 милиони долари заработил 80,5 милиони ширум светот, со што станал најуспешното режисерско остварување на Шелдон Летиќ.
Содржина Жан-Клод ван Дам игра двојна улога како Алекс и Чед, близнаци разделени при смртта на нивните родители. Чед е одгледан од семеен слуга во Париз, додека Алекс станува ситен злосторник во Хонгконг. Гледајќи ја фотографијата на Алекс, Чед му се придружува и го убедува дека неговиот соперник во Хонгконг е воедно и човекот што ги убил нивните родители. Алекс е сомнителен кон Чед, особено кога станува збор за неговата девојка.
Улоги
|Жан-Клод ван Дам || Чед Вагнер / Алекс Вагнер |- |Боло Јен || Мун |- |Џефри Луис || Френк |- |Алан Скарф || Најџел Грифит |- |Филип Чен || Рејмонд Џанг |- |Кори Еверсон || Кара |- |Елона Шо || Даниел |- |Енди Армстронг || Пол Вагнер |- |Сара-Џејн Варли || Кетрин Вагнер |- |Камел Крифа || управител во маџјонг-клубот на Алекс |- |Питер Малота || телохранителот со мамузи на Грифит |- |Еван Лури || долгокосиот телохранител на Џанг |- |Џули Стрејн || ученичката на Чед |- |Дејвид Лија || каратист
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1991 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Филмови на MGM