Rumex nebroides ― повеќегодишна билка од родот штавеј (Rumex) која расте на ливади во повеќето делови од Европа.
Опис Многугодишно растение кај кое од основата избиваат повеќе стебла, високи 20-60 см. Стеблата се вертикални и надолжно набраздени. Базалните листови се со долги дршки кои се двапати подолги од ламината. Стеблените листови се неколку и со многу куси дршки. Охреата е надолжно раскината, на врвот ресеста. Цветовите се групирани во многу ретко метличесто соцветие. Оревчето е триаглесто, 2,5-3 мм долго, кафеаво, светликаво.
Во Македонија Во Македонија расте по планински камењари, сипари, пукнатините на карпите, на варовник во високопланинскиот појас на надморска височина до 2200 метри.
Видот е познат само за Јакупица, Бистра, Галичица.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија