Фроасаж е метод на колаж развиен од чешкиот уметник Ладислав Новак, во кој линиите биле направени со згужвање на парче од хартија се користело за создавање цртежи. Еден од главните претставници на уметноста на фроасаж е Јиржи Коларж.
За време на својот живот, Коларж стекнал репутација на еден од нај инвентивните чешки уметници од 20 век. Член на Групата 42 и првата Чешка група за експериментална поезија. Тој помогнал во развојот на колажните техники на фроасаж и конфронтација. Во тоа време, пишувањето песни и згужвувањето парчиња од хартија се сметале за субверзивни активности и биле обесхрабрени од тогашниот моќен комунистички режим. Колар го издржал малтретирањето и затворањето, и на крајот емигрирал во Франција, каде конечно успеал да стекне меѓународна слава за својата работа.
Фросажот е уникатна уметност во која контурите на згужвано парче хартија се користат за да се создаде цртеж. Моментално изложени во мала галерија во Францускиот институт, фроасажите на Колар вклучуваат претходно постоечки француски цртежи од 17 век за да формираат посовремени, апстрактни слики. Резултатите повремено можеле да се споредат со раните кубистички напори за снимање на повеќе движења и слики во еден кадар.
Поврзано
Уметничко движење Техники на креативност Список на уметнички медиуми Список на уметнички медиуми Список на уметнички движења Листа на најскапи слики Листа на најскапи скулптури Список на уметнички техники Список на скулптори
Наводи
Надворешни врски
Кијно (Ладислас Кијно) : Фроасаж видео на Youtube .
Категорија:Уметнички техники Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Галицизми