Јашмак (, „превез“Од идентичен старотуркиски глагол со значење „покрива, крие“. Изворниот глагол застарел и се развил нов глагол, [сегментиран ], „покрива“.) — турски, египетски и туркменски вид превез или никаб што го носат жените за да ги покријат своите лица во јавност. За време на Отоманското Царство, облеката станала проѕирна во средината на 19 век. Жените од повисоката класа носеле проѕирен јашмак, додека селанките сè уште морале да ги покриваат своите лица.
На крајот, поради разни феминистички движења, жените престанале да носат јашмак. Една таква жена која предизвикала напуштање на јашмакот во Египет во текот на 1920-тите била Худа Шарави. Денес, речиси и да нема употреба на оваа облека во Турција и Египет. Меѓутоа, во Туркменистан, сè уште го користат некои мажени жени во присуство на постари роднини на сопругот.
Опис За разлика од обичниот превез, јашмакот содржи превез за глава и превез за лице во едно, така што се состои од две парчиња тенок муслин — едното врзано преку лицето под носот, а другото врзано преку челото, со што се покрива целата глава.
Јашмакот може да вклучува и правоаголник од ткаенина од црни коњски влакна, прицврстен близу до слепоочниците и спуштен надолу како тенда за покривање на лицето, наречен пече, или може да биде превез украсен со парчиња чипка, со процепи за очите, врзан зад главата со врвци и понекогаш потпрен преку носот со мало парче злато.
Модернизација
До 1860-тите години во Отоманското Царство, јашмакот станал потенок и попроѕирен, што особено го практикувале жените од повисоката општествена класа. Сликите од Истанбул од тоа време прикажуваат жени кои носат токму вакви тенки јашмаци. Сепак, од селанките сè уште се барало да носат густо покривало кое целосно им го криело лицето.
Сликите од таа ера јасно ги откриваат цртите на лицето кај жените кои носеле ваков вид превез. Едно такво дело насловено „Жена од Цариград“ во 1876 година го насликал Жан-Леон Жером. Неговиот ученик Теодор Жак Рали, исто така, создал неколку дела во ист стил, прикажувајќи ги откриените лица на жените. Движењата за коренити промени во Турција, Египет и Мароко довеле до конечно опаѓање на популарноста и целосно исфрлање на јашмакот од употреба во текот на 20 век.
Поврзано Бурка Чадор Хиџаб
Наводи
Литература
Надворешни врски
„Костимите на отоманските жени“
Категорија:Отоманска облека Категорија:Страници со повеќеделни слики во автоматски размер Категорија:Турцизми