Звечан (, /Zveçani) — гратче и општина во Косовскомитровичкиот Округ на Косово. Во 2015 г. општината имала 16.650 жители, зафаќала површина од и покрај гратчето вклучувала и 35 села.

Се наоѓа во регионот Северно Косово населен од српско мнозинство. Според Бриселската спогодба, општината треба да биде дел од Заедницата на српски општини со нивното основање.

Историја Гратчето се наоѓа во близина на Косовска Митровица. За првпат се споменува во врска со пограничните судири меѓу Србите и Византија некаде меѓу 1091 и 1094 г. Постои и натпис со кој големиот жупан Стефан Немања, по извојуваната победа над Византија во 1170 г. наредил во „Св. Ѓорѓи“ во Звечан да се одржи молитва за успех над непријателот.

Во XIII и XIV век Звечан бил една од резиденциите на српскиот двор. Тука починала кралицата Теодора во декември 1322 г., а по девет години нејзиниот сопруг Стефан Дечански овде бил затворен и задавен до смрт.Bury, John Bagnell et al. (eds.) (1923) The Cambridge Medieval History Macmillan, New York, стр. 539;

За време на Српското Царство на Урош V (вл. 1355–1371) со утврдениот град најпрвин управувало семејството Мусиќи, а потоа семејството Војиновиќи. Со пропаста на царстката власт Звечан бил спорно подрачје под владение на благородникот Молош Повиќ во 1370 г. на кое полагал право Никола Алтомановиќ.Раде Михаљчић, Крај српског царства, стр. 121–22

Во 1389 г. по Косовската битка Звечан потпаднал под османлиска власт, и подоцна оваа територија влегла во Новопазарскиот Санџак.Map of Turkey and Greece 1847, from Sharpe's Corresponding Maps Chapman and Hall, London.

На 26 мај 2023 г. косовската полиција ги зазела општинските згради на четири општини со српско мнозинство во северно Косово.

Во септември 2023 г. српски милитанти извршиле напад во Бањска, село во општината, за да го заземат од косовската полиција. Во борбата загинале еден полицаец и неколку српски милитанти. Напаѓачите се засолниле во манастирот „Бањска“, кој потоа бил преземен од косовската полиција, и во операцијата е одземено значително количество на оружје.

Население

Според проценката на косовкската влада од 2011 г. самото гратче Звечан имало 1.838 домаќинства и со 7.481 жител. Во извештај на ОБСЕ од 2015 г. општината имала 16.650 жители. Сепак, бројките се несигурни бидејќи добар дел од српското население го бојкотирала пописот во 2011 г.

Народи Мнозиството жители на Општина Звечан се Косовски Срби со околу 16.000 лица (95,1 %). Има 500 Косовски Албанци и 300 жители од други народности. Околу 3.750 Косовски Срби се сместени во општината како внатрешно раселени лица (ВНЛ), а заедно со нив и 250 бегалци од Хрватска. Највеќето Косовски Албанци живеат во селата Бољетин, Липа и Жажа.

Народносниот состав на Општина Звечан, вклучувајќи ги ВНЛ, е следниов: Народ 2015 (проц.)Срби15.850Албаци500Бошњаци, Роми, Горанци300Други-Вкупно16.650

Стопанство Најголемиот работодавач во Звечан е топилницата за олово и цинк „Трепча“. Големиот оџак, чија висина изнесува 306 м е највисоката градба на Косово. Сепак, поради големото загадување, ОН и КФОР ги затвориле сите нејзини капацитети освен погонот за акумулаторски легури и оној за рециклажа на акумулатори. „Трепча“ некогаш имала 4.000 работници, а потоа драстично намалениот обем извршил катастрофални последици по месното стопанство. Денес општината има само 500 вработени лица, и тоа во 60 мали приватни претпријатија и 150 дуќани.

Култура и образование Во Звечан се наоѓа Факултетот за уметности во склоп на српскиот Универзитет во Приштина од Северна Косовска Митровица.

Секоја година се одржуваат два меѓународни музички фестивала: „North City, Jazz & Blues Festival“,"Vreme" No. 853 . Vreme.com. ."Kosovska Mitrovica Live" . Kosmitrovica.blog.rs. ."Glas javnosti", June 13, 2005 . Arhiva.glas-javnosti.rs. .Trident "Glas javnosti", 5 јуни 2003 . Arhiva.glas-javnosti.rs. . и рок-фестивалот „Overdrive“,Blic, 9 October 2006 Покрај тоа има меѓународна уметничка колонија „Соколица“ и детскиот музички фестивал „Цвркоти од Ибар“ (Црвкути са Ибра).

На ова подрачје се наоѓаат Звечанската тврдина и манастирот „Соколица“, обете од средниот век.

Галерија

Поврзано Северно Косово Заедница на српски општини Косовскомитровички Округ

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на Општина Звечан

Категорија:Северно Косово Категорија:Општини на Косово