Мудехарската уметност или мудехарски стил — спој на исламската орнаментација и христијанската архитектура на Пиринејскиот Полуостров, користена во иберските христијански кралства, првенствено помеѓу 13 и 16 век. Се применувал во романските, готските и ренесансните архитектонски стилови како конструктивни, орнаментални и украсни мотиви изведени од оние што биле донесени или развиени во ел-Андалус. López Guzmán, Rafael. Arquitectura mudéjar. Cátedra. . Gonzalo M Borrás Gualís, Pedro Lavado Paradinas, Rafael Lopez Guzman, Maria Pilar Mogollón Cano-Cortes, Alfredo Morales Martínez, Maria Teresa Pérez Higuera. EL ARTE MUDÉJAR. La estetica islámica en el arte cristiano. Cátedra. . Овие мотиви и техники биле присутни и во уметноста и занаетите, особено во хиспано-морската метализирана керамика која некогаш била широко извезувана низ Европа од јужна и источна Шпанија.

Терминот мудехарска уметност го измислил историчарот на уметност Хозе Амадор де лос Риос и Серано во врска со мудехарите, кои одиграле водечка улога во воведувањето на украсни елементи добиени од исламот во пиринејските христијански кралства. Мудехарите биле муслимани кои останале во поранешните области на ел-Андалус по христијанската Реконквиста во средниот век и им било дозволено да ја практикуваат својата религија до ограничен степен. Мудехарската уметност е вредна бидејќи претставува мирен соживот меѓу муслиманите и христијаните во средновековниот период, иако сите муслимани и Евреи во Шпанија на крајот биле принудени да се преобратат во христијанство или биле протерани помеѓу крајот на 15 век и почетокот и средината на 16 век.

Украсните елементи на Мудехарите биле развиени во Иберија, особено во контекст на историската архитектура. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, во Шпанија и Португалија дошло до преродба во нео-мудехарски стил.

Етимологија

Мудехар првично бил термин кој се употребувал за муслиманите од ел-Андалус кои останале по христијанското повторно освојување на териториите контролирани од муслиманите во доцниот среден век, но првично не биле преобратени во христијанство ниту протерани. Тоа било средновековно кастилско позајмување на арапскиот збор Мудаџан , што значи „припотомувани“, се однесува на муслимани кои се покорувале на владеењето на христијанските кралеви. Терминот веројатно потекнува од исмејување, бидејќи зборот обично се применувал за домашни животни како што е живината. Терминот „Мудехар“ може да се преведе и од арапски како „оној на кого му е дозволено да остане“, што се однесува на христијаните кои им дозволуваат на муслиманите да останат во христијанска Шпанија односно Португалија. Концептот „arte mudéjar“ бил измислен и дефиниран од шпанскиот историчар на уметност Хозе Амадор де лос Риос и Серано во неговиот индукциски дискурс El estilo mudéjar, en arquitectura во Академијата на Белас Артес де Сан Фернандо во 1859 година.

Муслиманите во средновековните христијански кралства Муслиманите кои живееле во средновековните христијански кралства на Пиринејскиот Полуостров, наречени Мудехари, биле толерирани и можеле да ја практикуваат својата религија со одредени ограничувања. Сепак, набргу откако последното муслиманско упориште на полуостровот, Гранадскиот Емират, паднало во рацете на христијанската Кастиља во 1492 година, муслиманите биле принудени да изберат дали да станат христијани или да заминат, прво во Кастиља, а набргу потоа во Арагон. Оние кои одлучиле да се преобратат и да останат биле наречени Морискоси и честопати биле осомничени за тајно практикување на исламот, а конечно биле протерани од Шпанија по 1609 година.

Она што ѝ овозможило на мудехарската култура да преживее и да напредува во средновековните христијански кралства зависело од тоа дали заробувањето од страна на христијаните било постигнато преку договорено предавање или воен пораз, од односот на муслиманското и христијанското население, од конкурентските интереси на монархијата и папството и од економските потреби. Со рамнотежа од овие работи, се родила Мудехарската уметност. Како резултат на оваа местна варијација, исламските влијанија кои биле вклучени во христијанските архитектонски практики на различните региони во христијанските кралства се разликувале многу, но сите спаѓаат под општиот термин „мудехарска уметност“.

Архитектура

Мудехарскиот стил во архитектурата се однесува на примената на украсни мотиви и шари од исламската уметност во христијанските стилови на архитектура. Се смета дека започнало преку муслимански занаетчии кои применувале традиционални конструктивни, орнаментални и украсни елементи добиени од исламската уметност во христијанските стилови на архитектура. Овие методи станале дел од местните христијански градежни традиции и биле применети во романските, готските и ренесансните архитектонски стилови во растечките христијански кралства на Иберија. Овие украсни техники вклучувале калиграфија, сложена геометрија и растителни форми добиени од исламската уметност и архитектура.

Мудехарските градежни системи биле многу едноставни и исклучително ефикасни. Користените материјали вклучувале тула, заедно со други вештачки камени материјали и дрво, на кои не само што им била доверена конструктивна функција, туку биле и украсни. Тулата имала големо значење како градежен материјал, нејзината маневрираност и отпорност, естетските карактеристики и ефтината природа, ја правеле погодна за архитектура која требала да се гради навремено.

Мудехарското украсување и орнаментација вклучува стилизирана калиграфија и сложени геометриски и растителни форми. Класичните мудехарски елементи вклучуваат потковична арка и повеќеслоен лак, мукарни сводови, алфиз (лајсни околу лакот), дрвен покрив, печени тули, глазирани керамички плочки и украсни штуко-дела. Мудехарските гипсани дела, понекогаш наречени Јесерија, ги вклучуваат сите исламски мотиви, како што се епиграфски, „атаурики“ или арабески орнаменти и геометриски мотиви, иако се вклучени и мотиви од христијанската уметност, како што се готски зеленчук и штитови, тие се прикажани во ритамот на исламската традиција, што игра важна улога во хроматиката. Мудехарскиот стил често користи гирих, геометриски украс со ремени, како што се користи во архитектурата на Блискиот Исток, каде што зградите во Магреб имале стремеж да користат растителни арабески. Научниците понекогаш ги сметале геометриските форми, и гирих и сложените сводови на мукарните, за иновативни, а арабеските за конзервативни, но во ел-Андалус, и геометриските и растителните форми биле слободно користени и комбинирани. 

Пиринејски Полуостров

Со повторното воспоставување на христијанската власт низ областите на Пиринејскиот Полуостров кои порано биле контролирани од муслимани, се појавиле различните методи на градба во мудехарскиот стил за создавање објекти со употреба на евтини материјали како тула, дрво и малтер. Општо е прифатено од научниците дека мудехарската уметност во архитектурата првпат се појавила во северниот град Сахагун во христијанското Кралство Леон во 12 век. Мудехарскиот стил се проширил и во другите делови на Кралството Леон: забележителни примери може да се најдат во Толедо, Авила, Сеговија, Торо, Куелар, Аревало и Мадригал де лас Алтас Торес. Подоцна, мудехарскиот стил се проширил во јужна Шпанија од страна на Кралството Кастиља. Особено добар пример за мудехарската ренесанса е Каса де Пилатос, изградена во почетокот на 16 век во Севиља. Севиља вклучува многу други примери на мудехарска уметност. Алкасарот во Севиља се смета за еден од најголемите зачувани примери на мудехарската готска и мудехарската ренесансна архитектура, иако неговите таканаречени Мудехарски соби се директно поврзани со мавританската насиридска архитектура на Алхамбра, а не со техниките на мудехарската уметност; христијанскиот крал Педро од Кастиља вработил архитекти од тогашниот исламски Гранадски Емират за да ги изградат.

Мудехарската уметност се појавила во североисточното христијанско Кралство Арагон во 12 век и вклучува повеќе од сто зачувани примери, кои се наоѓаат претежно во долините на реките Ебро, Халон и Хилока. Нејзините први прикази имаат две потекла: од една страна, палатална архитектура поврзана со христијанската монархија, која го изменила и проширила првично мавританскиот дворец Алхаферија и ја одржала исламската орнаментална традиција, и од друга страна, традиција која развила романска архитектура користејќи тули наместо камена градба и која често прикажува хиспански украсен привезок. Примери за вториот тип мудехарски елементи може да се видат во црквите во Дарока, кои биле изградени од камен, а завршени во 13 век со мудехарски тулени панели.

Португалија нарачала помалку мудехарски украсени објекти, кои генерално вклучувале поедноставни мудехарски елементи. Црквата Кастро де Авелас во Браганца поседува класични уметнички дела од тули стилот. Мудехаскиот стил, исто така, имал стремеж да се применува во готскиот мануелински стил во Португалија, кој бил многу раскошен и украсен. Португалската употреба на мудехарската уметност се развила особено во 15 и 16 век, а структурите како што се Палатата на грофовите од Басто и Кралската палата се одликуваат со карактеристични дрвени мудехарски покриви кои се наоѓаат и во некои цркви во градови како што се Синтра и Лисабон. Бидејќи трговијата била суштински дел од културата на Португалија во 16 век, увезените мудехарски украсени плочки од Севиља се појавуваат во цркви и палати, како што е Кралската палата во Синтра.

Хиспанска Америка

Христијанските градители и занаетчии ги пренеле елементите од мудехарскиот стил на прекуокеанските територии на Шпанското Царство, особено во 16 век, надополнувајќи ја ренесансната архитектура пред појавата на барокот. Мудехарскиот стил во архитектурата најточно е опишан како „заеднички визуелен јазик“, а не како кохезивна структура со посебни прописи. Ова довело до тоа темите за дизајн мудахерскиот стил во Новиот Свет да се сметаат чисто за продолжение на архитектонска мешавина која била единствена за Шпанија.

Црквата Сан Мигел во Сукре, Боливија, претставува пример за мудехарски стил во Хиспаноамерика со своите внатрешни украси и отворен план на подот. Геометрискиот дизајн на мудехарски стил може да се види преку неговиот осумаголен дрвен таван со шари и на долната страна на потпорните лакови, кои се изрезбани со растителен мотив кој се темели на арабеската. Сан Мигел е директен наследник на мудехарскиот стил и традицијата на проширување и множење на почетен модел. Околу осумаголната купола, има повеќе дрвени тавански панели изрезбани со ист модел како и таванот на црквата. Дополнително, белите штуко ѕидови го прикажуваат барокното влијание врз црквата, што е пример за транскултурацијата што се среќава во шпанската архитектура.

Некои други значајни примери на дизајн на мудехарскиот стил во Хиспаноамерика се:

Манастир Сан Франциско во Лима, Перу, исто така, содржи мудехарски елементи. Сводовите на средишниот и двата странични бродови се насликани во мудехарски стил. Салите на главниот манастир се инкрустирани со севилски глазирани плочки, а главниот олтар е направен целосно од резбано дрво. Иглесија дел Еспириту Санто во Хавана, Куба Други примери на мудехарска уметност може да се најдат во Коро, место на светското наследство на УНЕСКО во Венецуела.

Галерија

Мудехарски во други уметности

Декоративни уметности

Мудехарските занаетчии ги донеле во христијанските кралства сложените геометриски дизајни што се наоѓаат во ќерамидите, тулите, резбите во дрво, гипсот, керамиката и украсните метали на ел-Андалус. Предметите, како и таваните и ѕидовите, честопати биле украсени со богати и комплицирани дизајни, бидејќи мудехарските уметници не биле заинтересирани само да го пренесат чудото, клучна карактеристика на исламската уметност и архитектонските традиции, туку и да го пренесат раскошот на материјалите и орнаментите. Голем беој на декоративни уметности биле применети во архитектурата, како што се поплочувањето и керамиката, како и резбарските практики.