мини| Пол Серусије, Талисман, 1888 година. Наби, или Набисти () биле група млади француски уметници активни во Париз од 1888 до 1900 година, кои одиграле голема улога во преминот од импресионизмот и академизмот кон апстрактната уметност, симболизмот и другите рани движења на модернизмот.

Меѓу членовите биле Пјер Бонар, Морис Дени, Пол Рансон, Едуар Вијар, Кер-Ксавие Русел, Феликс Валотон, Пол Серусије и Огист Казалис. Тие создавале под влијание на Пол Гоген.

Името потекнува од хебрејскиот јазик и значи „пророци“. Сликарите се состанале во студиото на Пол Рансон во 1890-тите и дискутирале за симболизмот. За разлика од импресионистите, тие ја нагласуваат насликаната површина и контурата. Моделирањето и просторните вредности се ставени во втор план. Теоретичарот на групите Морис Дени ја дефинирал сликата како површина покриена со боја која е распоредена според одредени законитости. Покрај Пол Гоген, групата била под влијание и на Одилон Редон (чија најпозната слика е „Киклоп“). Понатаму, групата Наби била инспирирана од јапонските обоени печати од дрво . Таа значително се продлабочила во областа на применетата уметност, сликарството на плакати, театарската декорација и илустрациите на книги.

Аристид Мајол () – (1861–1944) Феликс Вајотон (1865–1925) Пјер Бонар (1867–1947) Кер-Ксавиер Русел () – (1867–1944) Едуард Вијар (1868–1940) Морис Дени () – (1870–1943) Жорж Лакомб () – (1868–1916) Пол Рансон () - (1864-1909) Пол Серусије (1864–1927)

Наводи

Категорија:Постимпресионизам Категорија:Сликарство Категорија:Историја на уметноста Категорија:Уметност Категорија:Статии со текст на француски