Бања — историско село во Општина Демир Капија, Македонија, кое пропаднало по Валандовскиот земјотрес во 1931 година. По преселувањето на населението кај железничката станица „Демир Капија“ подоцна се развил градот Демир Капија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓало на ниска тераса кај устието на Бошава во Вардар. Водата за пиење доаѓала од реката Бошава.
Селото имало збиен тип, не било поделено на маала, туку куќите биле една зад друга. Спроти куќите имало три беговски кули, а на другиот крај црквата „Св. Атанасиј“.
Историја
мини|300п|десно|Селото пред 1930 година
Селото било христијанско и чифлигарско. Турците го викале Хамам Чифлик по сулфурната бања, која подоцна се изгубила.
Селото било целосно срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година, поради што населението било преместено покрај железничката станица, каде подоцна почнува да се создава градот Демир Капија.
Стопанство
Селаните се занимавале со земјоделство, работејќи на чифлигот во селото. Селаните подоцна ја купиле земјата од беговите.
Нивите покрај Вардар и Бошава се доста плодни и селаните саделе бавчи, пченка и ориз, а понекогаш и пченица и јачмен.
Под селото се наоѓала железничката станица Демир Капија со дуќан. Пред Првата светска војна, таму имало два ана (Горен и Долен Ан).
Население
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Бања имало 180 Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Бања како македонско муслиманско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Родови
Бања било македонско село.
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се: Постари доселеници: Меленковци (1 к.), избегале од Прждево кон средината на век; Оризарци (1 к.), дошле браќата Глигор и Неде од Прждево кон средината на век, а претходно избегале од Оризари; Ќурчиовци (1 к.), дошле од Вешје кон средината на век. Понови доселеници: Терзиовци (1 к.), дошле од Корешница околу 1860 година; Паланке (1 к.), дошле од Неготино околу 1870 година; Валевци (1 к.), дошле од Корешница околу 1870 година; Трајковци (1 к.), дошле од Будур Чифлик околу 1870 година; Руковци (2 к.), дошле од Корча околу 1870 година; Унчевци (1 к.), избегале од Прждево околу 1870 година; Карадовци (1 к.), дошле од Тремник во 1896 година, а од таму од Дуброво; Кововци (1 к.), дошле од Кавадарци во 1904 година; Пиперковци (1 к.), дошле од Бохула во 1907 година; Мајсторовци (3 к.), дошле од Бохула во 1907 година; Кумовци (1 к.), избегале од Долна Драчевица во 1913 година, по потекло од Бесвица; Петковци (3 к.), избегале од Долна Драчевица во 1913 година, по потекло од Горна Драчевица; Стаменковци (1 к.), избегале од Липа во 1913 година, по потекло од Корешница; Анадолци (1 к.), дошле од Неготино во 1913 година, по потекло од Будур Чифлик; Ќимовци (1 к.), избегале од Долна Драчевица во 1913 година; Ристовци (1 к.), избегале од Дублино во 1913 година и Ѓоговци (1 к.), дошле од Горни Дисан во 1913 година.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — некогашна селска црква
Самоуправа и политика
Во век, Бања било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Наводи
Поврзано Демир Капија
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † † † Категорија:Демир Капија