Сер Едвард Џејмс Солсбери (р. , Харпенден, Хартфордшир – п. ) — англиски ботаничар и еколог.

Биографија Роден е во Харпенден, Хартфордшир и дипломирал ботаника на Лондонскиот универзитетски колеџ во 1905 година. Во 1913 година, тој се стекнал со докторат по природни науки со теза за фосилни семиња и бил назначен за виш предавач на колеџот „Ист Лондон“. Тој се вратил на Лондонскиот универзитетски колеџ како виш предавач, од 1924 година како лектор по екологија на растенијата и од 1929 година како квејн професор по ботаника.

Солсбери бил директор на Кралските ботанички градини во Кју од 1943 до 1956 година. Тој бил одговорен за реставрацијата на градините по Втората светска војна.

Тој бил избран за член на Кралското друштво на 15 март 1933 година и го освоил Кралскиот медал на друштвото во 1945 година за „неговиот значаен придонес во екологијата на растенијата и во проучувањето на британската флора воопшто“. Во 1936 година, тој бил награден со Меморијалниот медал Вејч од Кралското хортикултурно друштво како признание за неговата книга „Живата градина “ (1935), која била енормно популарна. Во 1939 година, тој ја добил титулата заповедник на Редот на Британската Империја, а во 1946 година бил прогласен за витез.

На почетокот, неговото истражување бил фокусирано на шумската екологија, особено во неговиот роден Хартфордшир. Подоцна, тој станал пионер во истражувањата за големината на семето и репродуктивната моќ на растенијата во однос на живеалиштето. Тој, исто така, ја истражувал екологијата на градинарските плевели и на растенијата во дините.

Тој бил избран за претседател на Фондот за диви животни во Сасекс во јануари 1962 година, каде што останал на функцијата до април 1967 година.

Популарни научни книги

Живата градина 1936 година Цвеќиња на шумата 1946 година

Наводи

Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Починати во 1978 година Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Британски ботаничари