Хајнрих Адолф Шрадер (1 јануари 1767 година во Алфелд во близина на Хилдесхајм – 22 октомври 1836 година во Гетинген) бил германски ботаничар и миколог . Студирал медицина во раните години на својот живот. Тој го именувал австралискиот растителен род Хакеа во 1797 година.

Во 1795 година го добил својот докторат по медицина на Универзитетот во Гетинген, каде што во 1803 година станал вонреден професор на медицинскиот факултет и директор на ботаничката градина . Во 1809 година ја добил титулата „редовен професор“ во Гетинген, каде што држел часови сè до неговото пензионирање.

Меѓу неговите попознати публикации се „Нови родови на растенија"(1797) и ,,Флора Германика“ (1806). Шрадер го издал eксиката: Систематска збирка на криптогамни растенија (1896–1897). Родот на растенијата Шрадеранантус е именуван во негова чест.

Шрадер бил избран за дописен член на Кралската шведска академија на науките во 1815 година.

Поврзано

Категорија:Таксон именуван од Хајнрих Шрадер (ботаничар)

Наводи

Категорија:Миколози Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Починати во 1836 година Категорија:Родени во 1767 година