Дрвобрад (синдарин: Fangorn, , други преводи — Фангорн) — во легендариумот на Џ. Р. Р. Толкин, најстариот Ент, спореден лик во романот Господарот на прстените., книга 3, гл. 4 „Дрвобрад“

Етимологија на името Дрвобрад е еден од неколкуте ликови во трилогијата, чие име има описно значење. Неговото име потекнува од англиските зборови tree („дрво“), и beard („брада“). На виленички јазик го нарекуваат Фангорн; со истото име се именува и шумата во која живеат Ентите.

Опис По карактер, Дрвобрад е небрз — му треба доста време за да донесе одлука, а уште повеќе за да преземе било какво дејство. Меѓутоа, кога Дрвобрад и Советот на Ентите сепак ќе донесат одлука, постапуваат решително и брзо.

Учество во Војната за прстенот Бегајќи од орките на Саруман во шумата Фангорн, хобитите Перегрин и Меријадок го запознале Дрвобрад. По воведниот разговор, Дрвобрад ги одвел кај него дома, каде што го продолжиле разговорот за Ентите и Саруман. Тогаш Дрвобрад донел одлука да свика совет на Ентите по повод масовното сечење на шумата од страна на слугите на волшебникот. Хобитите преноќиле во домот на Ентот. Следниот ден Дрвобрад ги зел со себе на собирот, каде што Ентите, револтирани од штетата што орките ѝ ја нанеле на шумата, одлучиле да го нападнат Изенгард — тврдината на Саруман. Тие веднаш го спровеле планот во дело и, потопувајќи го Изенгард, ги зеле во притвор Саруман и неговиот слуга Грима.

Нападот се одвивал целосно под водство на Дрвобрад. За разлика од другите Енти, Дрвобрад не ја изгубил самоконтролата за време на јуришот и не дозволил гневот целосно да го совлада. По потопувањето на градот, Ентите ги срушиле утврдените ѕидини и на нивно место насадиле нови шуми. Оттогаш Изенгард им припаднал на Ентите.

Сопруга Дрвобрад ја имал својата сопруга Фимбретил сѐ уште пред Моргот да стекне моќ во младоста на светот. Како и другите сопруги на Ентите, Фимбретил исчезнала откако Саурон ги уништил градините на сопругите на Ентите на Кафеавите Рамнини во втората епоха.

Во времето на Војната за прстенот, Дрвобрад веќе повеќе од 3.000 години не ја видел својата сакана.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ликови од Господар на прстените Категорија:Ликови од Средната Земја