Панорамата Бурбаки е циклорама (кружна панорамска слика) што го прикажува интернирањето на француската Источна армија (Armée de l'Est) во неутрална Швајцарија на крајот од Француско-пруската војна (1870–1871). Армијата, предводена од генералот Шарл-Дени Бурбаки, била поразена на бојното поле додека се обидувала да ја прекине опсадата на Белфор, по што пребегала во Швајцарија. Швајцарците ги прифатиле француските војници, а локалното население и швајцарскиот Црвен крст им обезбедиле помош.

Во 1876 година, Белгиското панорамско друштво го ангажирало швајцарскиот уметник Едуар Кастр, кој ја придружувал Источната армија (Armée de l'Est) како медицински доброволец, да изработи панорама за изложување во Швајцарија како туристичка атракција. Кастр и тим од десет уметници создале кружна слика со должина од 115 мет, наменета да се набљудува од центарот. Делото имало за цел да создаде кај гледачот чувство дек се наоѓа во самата сцена, ефект кој дополнително бил засилен со користење на тродимензионални фигури и предмети поставени пред самата слика. Делото било изложено во Женева од 18881 година, а во 1889 година било пренесено во Луцерн каде што се наоѓа и денес. Сликата два пати била скратувана, па нејзината сегашна висина од 9,8 метри е за околу една третина помала од оригиналната.

Позадина Тема на сликата е движењето на француската Источна армија (Armée de l'Est) под команда на генералот Шарл-Дени Бурбаки кон неутрална Швајцарија во февруари 1871 година, на крајот од Француско-пруската војна. Армијата на Бурбаки била поразена за време на Битката кај Лизен (15–17 јануари), додека безуспешно се обидувала да ја прекине Опсадата на Белфор, па побарала интернирање во неутрална Швајцарија. Околу 88.000 луѓе марширале во Швајцарија преку Ле Вериер, оставајќи зад себе 11.000 коњи, 1.150 кола, 285 артилериски орудија, 7.200 пушки и 64.000 бајонети. Ранетите добиле нега од Швајцарскиот Црвен крст и локалното население. Интернираните војници биле ослободени и вратени во Франција по шест недели.

Сликање

Интернирањето било добро познат настан во повоена Швајцарија и било избрано како тема за панорамска слика од Белгиското панорамско друштво, кое се надевало дека швајцарската изложба на делото ќе привлече посетители од Швајцарија и Франција. Друштвото му ја доверило изработката на делото на Едуар Кастр во 1876 година. Кастр бил швајцарски уметник кој се здобил со популарност во повоените години. Тој студирал уметност во Париз кога избувнала војната, а неговата единствена комерцијална уметничка активност дотогаш била изработката на копии од други дела. Кастр, чие семејство имало француско хугенотско потекло, чувствувал обврска да ѝ помогне на Франција во војната. Тој се пријавил како медицински доброволец и набавил коњ и кола кои ги користел за превезување на ранетите од бојното поле до станиците за помош. Кастр ја придружувал Источната армија (Armée de l'Est) за време на нејзиното интернирање. По војната, тој создал низа нехеројски прикази на настаните од војната, кои биле добро прифатени од јавноста и му донеле слава.

За да се подготви за нарачката, Кастр ја поминал зимата 1876–1877 година во Вериер, скицирајќи и сликајќи го пејзажот за да му помогне попрецизно да го репродуцира на панорамата. Кастр работел на панорамата пет месеци со тим од десет сликари кои во најголем дел останале неспоменати, иако е познато дека меѓу нив бил и Фердинанд Ходлер. Кастр сакал да создаде атмосфера, па затоа ја насликал панорамата како гледачот да се наоѓа во самата сцена, а не да гледа одвисоко кон неа. Пред сликата се изложени тродимензионални предмети, меѓу кои фигури, воена опрема и железнички вагон.

Фокусот на сликата е ставен на средбата меѓу францускиот генерал Жастин Клиншан (на кого Бурбаки му ја предал командата со Источната армија) и швајцарскиот генерал Ханс Херцог пред Федералниот хотел (Hôtel Fédéral). Остатокот од сцената прикажува редица изморени и ранети француски војници кои пешачат низ долина покриена со снег за да го натрупаат оружјето на куп под надзор на швајцарскиот бернски баталјон. На дел од Французите им помагаат локалните жители и членовите на Црвениот крст. Железничките линии и правите патишта ги обезбедуваат оските на перспективата. Обиколката на завршеното дело, изведено со маслени бои на платно, изнесува 115 метри. Панорамата е необична по тоа што ги прикажува трагичните последици од војната, наместо вообичаената прослава на победата; таа исто така претставува прослава на швајцарската неутралност и гостопримство.

Подоцнежна историја Панорама била изложена во дрвена градба во Женева од 1881 година. По неколку години ја купил Бенјамин Хенеберг, кој ја пренесол во Луцерн. Панорама била изложена во Луцерн. Панорамата од 1889 година во градба првично изградена за да смести панорама за Битката кај Семпах од 1386 година од Луј Браун; Браун не успеал да ја заврши својата нарачка. Иновативната панорама била сензација кон крајот на 19 век и била споредувана со модерното IMAX кино.

Панорамата била двапати скратувана во 20 век. Губејќи една третина од својата висина од делот со небото, денес таа е висока 9,80 метри. Делото било во процес на реставрација од 1977 година, иако фотографијата од Џеф Вол од 1993 година насловена „Реставрација“, која наводно прикажува конзерватори како работат на панорамата, всушност била инсценирана. Панорамата моментално е изложена во дрвена ротонда опкружена со модерна стаклена и челична конструкција во која се сместени продавници, кино и ресторан. Секоја година ја посетуваат илјадници луѓе, а развиена е и апликација што овозможува детално разгледување на панорамата. Швајцарската влада ја има заштитено панорамата како културно добро од национално значење.

Поврзано

Плејнпале

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Слики од 1877 година Категорија:Слики (19 век) Категорија:Сликарски техники Категорија:Циклорами ПРЕНАСОЧУВАЊЕ Racławice Panorama