мини|Мермеризирани црковни клупи од 1755 година во црквата во Херкеберга. Мермеризирање или вештачко мермеризирање е подготовка и завршна обработка на површина за да се имитира изгледот на полиран мермер. Типично се користи во згради каде што цената или тежина на вистинскиот мермер би биле превисоки. Вештачкото мермирање е посебен случај на вештачко сликарство што се користи за создавање на препознатливи и разновидни шари на мермер - најимитираниот камен досега.
мини|Дел од мермеризиран олтар во барокната црква Сан Пјетро во Модика на Сицилија
Историја Сликањето со вештачки камен било ширко користено во Помпеја, но навистина се проширило во Европа за време на ренесансата со развојот на две школи за вештачко сликарство. Италијанската школа била слободна и уметничка, додека француската школа била формална и реалистична. На еден чирак обично му биле потребни 10 или повеќе години за целосно да ја совлада оваа вештина.
Софистицираноста на техниките е таква што посетителите честопати не се во можност да разликуваат лажен од вистински мермер во многу цркви, палати и јавни згради во Европа. Техниките биле усовршени до 17 век и се користеле во сите стилови на градба сè до 20 век, вклучувајќи барокни, паладијански, неокласични и историски преродбенички стилови, како и згради во стилот Југендстил и Ар Деко . Занаетчии кои се способни да ја реплицираат оваа работа сè уште се достапни, што е потврдено, на пример, од обемните реставрации на површини од вештачки мермер во значајни згради во Источна Европа од 1990 година.
Уметноста на мермеризирање и зрнесто обложување го достигнало својот врв на употреба во Британија помеѓу 1845 и 1870 година, а во овој период признат мајстор бил Томас Кершо.
Практичари
Томас Кершо Кершо бил роден во Стендиш, Ланкашир, Англија, во април 1819 година.
Тој постигнал меѓународна слава, освојувајќи голем број престижни награди на главните изложби од тоа време: Големата изложба, Лондон, 1851 година - медал за прва награда, Универзалната изложба, Париз, 1855 година - медал за прва класа, Лондонската изложба, 1862 година - прва награда.
Делото на Кершо често се сметало за неразлично од оригиналот. Тој се зафатил со работа во многу големи куќи, вили и величествени куќи низ Англија и Велес, а одбил и понуда од рускиот амбасадор да имитира мермерр во внатрешноста на Царскиот дворец во Санкт Петербург. Во 1858 година тој го создал едно од своите важни дела во Сината соба во Бакингемската палата, каде што сите столбови биле изработени од имитација на мермер.
Вилијам Холгејт Во новото време, Вилијам Холгејт (1931–2002) од Клитеро, Ланкашир, бил веројатно најдобриот мајстор за имитација на дрво и мермер во светот откако Томас Кершо ја носел таа титула 150 години пред него. Неговите достигнувања ја вклучуваат престижната награда позната како „Слобода на градот и еснафите на Лондон“ (Freedom of the City and Guilds of London), а во 1995 година бил прогласен и за „Слободен член на Почитуваната компанија на сликари и бојаџии од Тринити Лејн, Лондон“ (Freeman of the Worshipful Company of Painter Stainers of Trinity Lane, London).Исто така, му била доделена и Наградата за животно дело на Парискиот салон во 20001 година.
Техники Други техники за производство на вештачки мермер ги вклучуваат скалиолата (Scagliola), скап процес кој вклучува употреба на специјално пигментирани малтери (гипс), и терацото (terrazzo). За изработка на подови, парчиња од мермер се вградуваат во цемент, а потоа се мелат и полираат за да се открие мермерниот агрегат.
Некои професионални мајстори за лажно сликање се многу вешти и користат различни техники за да ги репродуцираат сликите, линиите и сјајот на вистински мермер или други градежни материјали. Сепак многу декоратери само сугерираат изглед на мермер, наместо прецизно да имитираат одреден камен. мини|Четки за нијансирање (имитација на дрвени шари) и мермеризирање. (Cyclopedia of Painting) 1908
Поврзано
Лажно сликање Мраморизација на хартија
Наводи
Категорија:Уметнички техники Категорија:Украсна уметност