Стрие (француски: strié — „избразден, рапав“) е популарна техника на вештачко сликање (лажирано сликање/декоративно патинирање) во која се користат глазура и четки за да се создаде мека, природна текстура со линии. Стрие е техника на негативна глазура — глазурата најпрво се нанесува со валјак преку целата површина, а потоа дел од неа се отстранува со алатка, како што е четката.Phil Schmidt, Building & Finishing Walls & Ceilings, Creative Publishing International, 2002, p86. Зборот strié може да се користи за да се опише самиот процес на сликање или за да се означи конечниот изглед на површината.
Стрие е едноставна техника која може да се измени и разработи на многу начини. Моѓе да се изведе самостојно, или со линии насочени вертикално или хоризонтално. Исто така, може да се нанесува со четка преку испакнат релјефен шаблон од гипс. Многу е популарно и преклопувањето на хоризонтално и вертикално стрие, со што се создава изглед на ткаенина како лен или тексас. Ова често се нарекува ленено ткаење или стрие од вреќа (јута).
Наводи
Поврзано
Лажна завршна обработка Акварелно миење Категорија:Уметнички техники Категорија:Украсна уметност