мини |Две исландски резби пресликани со триење (фротаж). Фротаж (триење) е репродукција на текстура на површината создадена со поставување парче хартија или сличен материјал врз предметот,а потоа триење на хартијата со нешто за да се остават траги, најчесто за фротаж се користи јаглен или молив, но исто така и разни форми на размачкано и валано мастило, креда, восок и многу други супстанции.
И покрај целата своја едноставност, техниката може да се користи за производство на незаматени слики од минијатурни елевации и вдлабнатини на површини од која било големина на начин што тешко може да се спореди дури и со најсложените, најсовреени методи. На овој начин, површинските елевации со димензии само неколку илјадити делови од милиматар можат да бидат видливи.Lukowsky, D., Failure Analysis of Wood and Wood-Based Products, McGraw-Hill Education; 1st edition (2015) .
Употреба
мини|Посетители на Спомен - зидот на виетнамските ветерани прават фротажи од имињата Вообичаени употреби на оваа техника вклучуваат:
Триење на месингот, за правење копии од монументални месингани скулптури. Судско вештачење, вклучително и откривање што е напишано на лист хартија извадена од блокче со фротаж на отпечатоците оставени на последователните листови или други материјали за поддршка. Фротаж (од францускиот frotter, „да се трие“), надреалистичка уметничка форма,метод на креативно производство развиен од надреалистичкиот уметник Макс Ернст во 1925 година. Уметникот става парче хартија врз нерамна површина, потоа ја обележува хартијата со алатка за цртање (како пастел или молив), со што создава триење. Цртежот може да се остави како што е или да се користи како основа за понатамошно усовршување. Ернст бил инспириран од антички дрвен под каде што текстурата на штиците била нагласена со долгогодишно триење. Шарите на зрнестата структура му сугерирале чудни слики. Тој ги зачувал овие слики така што поставил листови хартија на подот, а потоа ги триел со мек молив. Триење камен, за правење копии од шари и натписи на надгробни споменици или други врежани или текстурирани камени површини.
Поврзано
Надреалистички техники Естампејџ
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
https://kovaleva.gallery/frottazh Фротаж техника Категорија:Уметнички техники