]]
Монотипија Тоа е вид на графичка техника што се изведува со цртање или сликање на мазна површина што не впива течност. Површината, односно матрицата, историски претставувала бакарна плоча за бакрорез, но во современата уметност таа може да варира од цинк или стакло до акрилно стакло. Потоа, сликата се пренесува на хартија со нивно притискање една врз друга, при што се користи графичка преса, валјак, барен или техники како триење со задниот дел на дрвена лажица или со прсти, што овозможува селективна контрола на притисокот. Монотипиите може да се создадат и со нанесување боја на целата површина, а потоа, со користење четки или крпи, со отстранување на бојата за да се добие суптрактивна слика (на пример, создавање светли делови во поле од непроѕирна боја). Боите што се користат може да бидат на база на масло или на база на вода. Кај боите на база на масло, хартијата може да биде сува – при што сликата има поголем контраст – или влажна, што овозможува опсег на тонови поголем за 10 проценти.Monotype
Со монотипијата се добива уникатен отпечаток, односно монотипија; најголемиот дел од бојата се отстранува при првичното притискање. Иако понекогаш се можни последователни отпечатоци (наречени „отпечатоци-духови“ или *ghost prints*), тие значително се разликуваат од оригиналот и генерално се сметаат за инфериорни. Отпечатокот добиен со пренесување на веќе постоечки отпечаток врз друга површина – со што самиот отпечаток всушност станува матрица – се нарекува „когнат“ (*cognate*). За доработка на монотипијата често се користат шаблони, акварел, растворувачи, четки и други алатки. Монотипиите може да се изведат спонтано и без претходна скица. Историја
Идентитетот на пронаоѓачот на техниката монотипија е неизвесен. Двајцата главни кандидати се италијанскиот уметник Џовани Бенедето Кастиљоне и фламанскиот уметник Антун Саларт. Кастиљоне изработувал скици со четка, замислени како завршени и финални уметнички дела почнувајќи од средината на 1640-тите години. Тој вообичаено работел од црно кон бело и создал повеќе од дваесет зачувани монотипии, од кои повеќе од половината прикажуваат ноќни сцени. И Саларт изработувал монотипии во 1640-тите години.
Двајцата уметници од ерата на барокот ја користеле новата техника на различни начини. Кастиљоне ги создавал повеќето свои монотипии како слики со црна позадина, при што ја бришел бојата од подготвената плоча, создавајќи на тој начин бели и сиви линии.
Од друга страна, Саларт со голема прецизност нанесувал смели линии што се стеснуваат кон краевите врз површината за печатење. Веројатно е дека врз стилот на монотипиите на Саларт влијаеле дрворезите во техниката кјароскуро на холандскиот гравер Хендрик Голциус. Во монотипијата, Саларт пронашол техника што била најблиска до цртањето и скицирањето со маслени бои. Неговите монотипии и цртежи се одликуваат со линии што варираат во дебелината и завршуваат со тенки врвови. Честопати рачно додаваал бели акценти на своите монотипии.Салаерт очигледно ја ценел слободата што ја нуди техниката монотипија за креирање на самата плоча пред отпечатувањето на хартија.How to Create a Monotype
Британскиот уметник Вилијам Блејк развил поинаква техника, сликајќи на дебел картон со јајчена темпера за да создаде како нови дела, така и обоени отпечатоци од своите графики и илустрации за книги, вклучувајќи го и делото „Сочувство“ (Pity). Секој отпечаток потоа обично бил доработуван рачно, со употреба на мастило и акварел. Малку други уметници ја користеле оваа техника сè до Дега, кој изработил неколку такви дела, често доработувајќи ги по печатењето (на пр. „Покрај морето“ / *Beside the Sea*, 1876–77); и Писаро исто така изработил неколку. Пол Гоген користел варијанта на техниката што вклучувала прецртување, метод што подоцна го прифатил и Пол Кле. Во дваесеттиот век, техниката станала попопуларна; примери за тоа се извонредните колоритни монотипии создадени од Марк Шагал во 1960-тите години. Примери од дваесет и првиот век вклучуваат дела од Никол Ајзенман, Кристофер Вул, Карен ЛаМонте и Роман Туровски. Споредување на монотипии и монопринтови
]
Историски гледано, термините „монотип“ и „монопринт“ често се користеле како синоними. Сепак, во поново време, тие се однесуваат на два различни, иако слични, вида на графичка уметност. И двата процеса вклучуваат пренос на боја од плоча на хартија, платно или друга површина што на крајот ќе го содржи уметничкото дело. Во случајот со монотипите, плочата е без какви било трајни обележја. Таа не содржи елементи што би дефинирале одредени форми при последователните отпечатоци (како што би биле, на пример, врежаните линии на метална плоча). Бидејќи на површината на плочата нема трајни елементи, обликувањето на сликата зависи исклучиво од единствениот чин на нанесување боја, што резултира со еден уникатен отпечаток. Дополнително, терминот монотип често се користи за слика создадена со нанесување рамномерен слој боја на површина што не впива, поставување хартија врз неа и цртање на задната страна на хартијата. Кога хартијата ќе се отстрани, добиениот отпечаток се состои од линија опкружена со боја пренесена од плочата. Резултатот содржи елемент на случајност – честопати непредвидлив и неправилен – што му дава посебен шарм на отпечатокот. Оваа техника е позната по тоа што ја користела британската уметница Трејси Емин, дипломец на Кралскиот колеџ за уметност, каде што практиката на монопринт воопшто се сметала за „лажно сликарство“.
Од друга страна, терминот „монопринт“ денес се однесува на дела добиени од плочи што содржат трајни елементи. Монопринтите може да се сфатат како варијации на одредена тема, при што темата произлегува од трајните елементи на плочата – како што се линии или текстури – кои се задржуваат при секој отпечаток. Варијациите се сведуваат на начинот на кој се нанесува бојата на плочата пред секое печатење. Иако можностите за варијации се бескрајни, одредени трајни елементи на плочата сепак остануваат присутни од еден отпечаток до друг. Monotype
Наводи
Извори Reed, Sue Welsh & Wallace, Richard, Italian Etchers of the Renaissance and Baroque, Museum of Fine Arts, Boston 1989, pp 262–5, or 304-4 (pb)
Надворешни врски
Video explaining the monotype process
* Категорија:Графика