Долното Блатешко езеро (српски: Доње Блатештичко језеро) е ледничко езероRista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina. и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа кај Блатешкиот цирк. Заедно со Горното Блатешко езеро ги сочинуваат Блатешките езераКузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово. Се наоѓа на 2.160 m надморска висина. Долго е 32, а широко е 13 метри. Длабоко е 60 cm. Вкупниот обем му изнесува 78 mЖивко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 48. Езерото се храни со вода од понорите на Горното езеро. Водата на ова езеро е кристално чистаДушан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година.
Поврзано Горно Блатешко езеро
Наводи
Категорија:Шарпланински езера