Пигмејскиот нилски коњ (Choeropsis liberiensis) е голем цицач, со природно живеалиште во шумите и мочуриштата на западна Африка (латиското име значи „од Либерија“, бидејќи таму живее мнозинството од овие животни). Пигмејскиот нилски коњ е самотно и ноќно животно. Ова животно е еден од двата преживеани видови од семејството Hippopotamidae. Другиот преживеан вид е поголемиот роднина обичниот нилски коњ.

Пигмејскиот нилски коњ, како обичниот нилски коњ, е полуводно животно и секогаш живее во близина на вода за да може константно да ја влажни кожата и да одржува пониска темературата на телото. Процеси како парењето и раѓањето можат да се одвиваат и во вода и на копно. Овие животни се хербивори (тревопасно животно) и се хранат со папрати, растенија, треви и плодови.

Бидејќи е ретко животно кое се движи претежно навечер, многу е тешко да се проучува во дивината.

Пигмејските нилски коњи биле непознато животно надвор од западна Африка до 19 век. Во зоолошките градини за првпат се појавуваат на почетокот на 20 век. Во заробеништво успешно се размножуваат, и најголемиот број од истражувањата се вршат врз единки во заробеништво. Опстанокот на овие нилски коњи во заробеништво е многу посигурен отколку во дивината. Според МСЗП во дивината се останати само уште 3000 пигмејски нилски коњи. Најголема опасност за овие животни претставува уништувањето на природното живеалиште (шумите се претвораат во обработлива почва), како и ловокрадството, грабливците и војните во регионот.

Таксономија и потекло thumb|left| Череп на пигмејски нилски коњ Пигмејскиот нилски коњ е член на семејството Hippopotamidae каде е класифициран во родот Choeropsis („наликува на свиња“).

Во овој род спаѓа уште еден вид Choeropsis madagascariensis, кој е еден од трите изумрени видови на нилски коњи кои живееле на Мадагаскар. C. madagascariensis бил со иста големина како и C. liberiensis, и исто живеалиште. Се верува дека изумрел во последните 500 години.

Таксономијата на родот на пигмејските нилски коњи се менувала според новите откритија во врска до овие животни. Мортон првично ги класифицирал како Hippopotamus minor, но потоа открил дека се доволно различни за да имаат посебен род кој го нарекол Choeropsis. Во 1977 Кориндон предложил дека се блиски до Hexaprotodon (род во кои се сместени праисториски нилски коњи кои живееле во Азија). Конечно во 2005 година Боасери потврдил дека има разлика со Hexaprodoton, и ги вратил во родот Choeropsis. Сите се сложуваат дека денешниот пигмејски нилски коњ е единствениот преживен вид од неговиот род.

Нигериски подвид Посебен подвид на пигмејскиот нилски коњ живеел во Нигерија до 20 век. Либеријанскиот нилски коњ е со триномно име Choeropsis liberiensis liberiensis додека нигерискиот пигмејски нилски коњ е C. liberiensis heslopi. Овој нигериски подвид никогаш не бил проучуван во дивината, но и никогаш не бил фатен во заробеништво. Сите научни истражувања се направени врз Либеријанскиот подвид.

Нигерискиот подвид живеел во делтата на реката Нигер, но по музејската колекцијата која ја направил Хеслоп во 1940 година, нема пријавени единки. Се смета дека овој подвид е изумрен. Овој подвид е именуван по Хеслоп кој во 1945 година тврдел дека застрелал пигмејски нилски коњ во делтата на Нигер и притоа собрал неколку черепи. Тој проценил дека имало не повеќе од 30 преостанати единки во регионот.

Зачуваните черепи од овој подвид, Хеслоп ги пратил во Британскиот музеј за историја на природата во Лондон. Дури во 1969 година Корбет ги класифицирал како посебен подвид базирајќи се на варијациите во пропорциите на черепите.

Еволуција thumb|right|Arsinoitherium (горе) и Bothriogenys fraasi (доле). Anthracothere како и Bothriogenys личат на пигмејските нилски коњи и најверојатно се нивни предци thumb|Критскиот нилски коњ (H. creutzburgi) биле слични по големина со пигмејските нилски коњи, но се многу послични со обичниот нилски коњ

Еволуцијата на пигмејските нилски коњи е најчесто изучувана во контекст на нивниот поголем роднина. И двата вида се смета дека се блиски до семејството Suidae (свињи) или Tayassuidae, но истражувањата во последните 10 години покажуваат дека нилските коњи се најслични со cetacea (китови и делфини). Нилските коњи и китовите делат заеднички предок кој се одделил од Artiodactyl пред околу 60 милиони години. Овој претпоставен предок се претпоставува дека се поделил на двете гранки после околу 6 милиони години. Едната гранка еволуира во cetacea а другата во anthracotheriidae (голема семејство на четириножни животни од доцниот еоцен кои наликувале на нилски коњи со помала глава).

Најстариот род на нилски коњи се смета дека е Kenyapotamus кој живеел во Африка пред 16-8 милиони години, и по големината е доста сличен со C. liberiensis. Се смета дека нилските кољи се развивале во Африка а потоа дел преминал во Азија. Во Америка не се пронајдени фосилни остатоци од овие животни.

Се смета дека двете лози на денешните рода Hippopotamus и Choeropsis се одвоиле пред 8 милиони години.

Изумрени пигмејски и џуџести нилски коњи Неколку видови на џуџести нилски коњи кои живееле на Средоземјето изумреле за време на доцниот плеистоцен или раниот холоцен. Иако доста наликуваат на пигмејските нилски коњи, сепак тие спаѓаат во родот Hippopotamus односно „вистински“ нилски коњи. Тука спаѓаат Критски џуџест нилски коњ, Сицилијански нилски коњ, Малтешки нилски коњ и Кипарски џуџест нилски коњ. Овие видови се сметаат за потомци на Европскиот нилски коњ, и ја добиле својата големина преку процес на т.н. „островска еволуција“.

Единствениот изумрен пигмејски нилски коњ е Мадагаскарскиот пигмејски нилски коњ кој живеел на островот Мадагаскар.

Особености Пигмејските нилски коњи ја имаат истата форма како и обичните нилски коњи. Имаат 4 кратки нозе и 4 прсти на секое стапало, кои ја изгржуваат тежината на крупното тело. Ова животно е на пола од висината и тежат само ¼ од тежината на обичниот нилски коњ. Возрасна единка е со висина од 75-83 сантиметри, долги се 150 до 177 сантиметри и тежат од 180 до 275 килограми. Во заробеништво живеат од 30 до 55 години, и се смета дека во дивината живеат многу пократко.

thumb|Пигмејски нилски коњ се одмара во зоолошката градина во Луисвил Кожата на овие животни има зеленикаво-црна или кафева боја, која на долниот дел од телото може да премине во кремава или сива. Кожата им е иста како и на останатите нилски коњи, со многу тенок епидерм. Пигмејските нилски коњи имаат и необична пот карактеристична за сите нилски коњи, која дава розовкаста нијанса на нивните тела, и понекогаш се опишува како „крвава пот“ иако секрецијата не е ни пот ни крв. Во оваа секреција е присутна алкална субстанца која се смета дека е антисептик и има својства за заштита од сончевите зраци. Кожата на нилските коњи се суши многу брзо, и затоа овие животни поминуваат многу време во вода.

’Рбетот на обичниот нилски коњ е паралелен со земјата, додека кај пигмејскиот нилски коњ рбетот е навален нанапред, што најверојатно е адаптација за полесно движење низ шумите. Ноздрите кај овој вид се помалку издадени, бидејќи поминува помалку време во длабока вода од неговиот поголем роднина (на кого издадените ноздри му служат за полесно дишење додека е во вода). И покрај многуте адаптации за живот на копно, сепак овој нилски коњ останува полуводно животно. Ушите и ноздрите имаат залистоци од силен мускул кои им помагаат при нуркањето.

Поведение

left|thumb|250px|(video) Пигмејски нилски коњ се одмара во вода. (Зоолошка градина во Јапонија)

Однесувањетоа на пигмејскиот нилски коњ е доста различно од однесувањето на обичниот нилски коњ. Неговото однесување е послично со тапирот. Овие животни живеат или сами или во мали групи, најчесто пар или мајка со младенчиња. Кога доаѓа до средби тие најчесто се игнорираат и речиси никогаш не се борат меѓусебе. Според истражувањата се проценува дека територијата која ја покрива мажјак изнесува околу 1,85 квадратни километри, додека кај женките таа изнесува 0,4-0,6 квадратни километри.

Пигмејските нилски коњи најголемиот дел од денот го поминуваат во реките. Тие остануваат на истото место неколку дена по ред, пред да се преместат на некое друго место.

Исхрана Овие животни излегуваат од водата во квечерината за да јадат. Тие се хербивори, но не јадат водни растенија, и ретко јадат трева бидејќи не е многу честа во густите шуми во кои живеат. Најголем дел од нивната исхрана се состои од папрати и плодови кои паѓаат од дрвјата. Според набљудувањата се смета дека нилските коњи ги јадат сите растенија кои им се достапни. Сепак нивната исхрана е со повисок квалитет од исхраната на обичниот нилски коњ.

Размножување right|thumb|Бебе од пигмејски нилски коњ и неговата мајка во зоолошка градина во Чешка. Истражување на однесувањето на нилските коњи во дивината никогаш не било направено, сите набљудувања се на животни во заробеништво. Се смета дека можеби овие навики се разликуваат во дивината. Секусалната зрелост ја достигнуваат помеѓу 3 и 5 годишна возраст. Најмладиот нилски коњ кој дал потомство е пигмејскиот нилски коњ од зоолошката градина во Басел, Швајцарија кој бил стар 3 години и 3 месеци. Овулацискиот циклус кај женките трае 35,5 дена, додека самата овулацијата трае помеѓу 24 и 48 часа.

Пигмејските нилски коњи се спаруваат на време на периодот на парење, но времетраењето на овие „врски“ е непознато. Во заробеништво овие животни се однесуваат моногамно. Парењето се одвива во вода или на копно, и еден пар се пари 1-4 пати за време на овулацискиот период. Во заробеништво, пигмејските нилски коњи можат да се парат и да раѓаат во било кој месец од годината. Носењето трае 190-210 дена, и најчесто се раѓа само едно младенче, иако се забележани случаи на близнаци.

Пораѓањето може да биде или на копно или во вода. Младенчињата можат да пливаат речиси веднаш по раѓањето. Тие тежат 4.5 до 6.2 килограми (машките тежат 0.25 грама повеќе од женските). Младенчињата прекуниваат со цицање после 6-8 месеци. Кога мајката оди да се храни, тие не ја напуштаат водата. Мајката ги дои околу 3 пати дневно.

Живеалишта Мнозинството од пигмејските нилски коњи живее во Либерија, со мали популации сместени на либериската граница, во Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја и Сиера Леоне. C. liberiensis живее само во реки кои течат низ шумски региони.

Најголемата популација од овој вид живее во Националниот парк Сапо. Други помали популации има во окрузите Гранд Кру, Гранд Кејп Маунт, Гранд Баса, Гранд Гедех, Лофа, Мариленд, Нимба и Синое. Изучувањето на овие популации е оневозможено поради конфликтите како Првата либериска граѓанска војна и Втората либериска граѓанска војна.

Во 1993 популацијата на пигмејските нилски коњи е проценета на 2000 – 3000 единки од кои поголемиот број во Либерија. Најмалата популација и таа во Сиера Леоне со околу 100 единки. Поради влошувањето на условите во Либерија, МСЗП во 2006 година процени дека бројот на единки се намалил, најмногу поради уништување на природното живеалиште.

Заштита thumb|right| Пар пигмејски нилски коњи Најголемата закана на овој вид за опстанок во дивината претставува уништувањето на природното живеалиште. Шумите во кои живеат овие животни постојано се сечат или се претвораат во земјоделски површини. Како што се смалуваат шумите, така популациите се разделуваат што води кон помал генетска разновидност меѓу единките.

Поради нивниот самотнички начин на живот тие се ретко ловени. Сепак нивното месо се смета дека има одличен квалитет, слично на месото на дивата свиња. За разлика од обичниот нилски коњ, забите на овој вид немаат никаква вредност. Природни грабливци на овие животни се леопардот, питонот и крокодилите. Не се знае колку често се случуваат вакви напади.

C. liberiensis во 2007 година е назначен како еден од 10те животни кои се централен фокус на проектот за заштита на видовите (ЕДГЕ) ..