Христо Брашнаров (Прилеп, ) — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ.
Животопис Брашнаров е роден на 27 декември 1918 година во Прилеп. Медицинскиот факултет го завршил во Белград во 1946 година. Работел во Битола и во Скопје во 1947, каде што во 1952 година специјализирал гинекологија и бил директор на Средното медицинско училиште. Примариус станал во 1966 година. Како гинеколог работел во Струмица, Прилеп и Скопје (1971–1981), каде што бил началник на Диспанзерот за жени во поликлиниката „Центар“.
Наводи
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски гинеколози Категорија:Македонски акушери