Бојано Лозје или Лавци — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Бабино. Претставува некропола од раноантичкото време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, во непосредната близина на раскрсницата на патот Битола — Кичево — Бабино, каде се откриени гробови градени од камени плочи - тип циста, со богати прилози: шлем од бронза (грчко-илирски тип), двојни игли од бронза, мониста од стаклена паста, обетки од сребро и железни врвови од копја. Наоѓалиштето е откриено во 1948 година при стрмењето на земјата за лозови насади од страна на месен жител. Во 1952 година Археолошкиот музеј на Македонија извршил ископување. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола и во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — тврдина од рано античко време; Вртешка — населба и топилница од доцната антика; Дуковска Крастица — топилница од доцната антика; Црно Село — населба и некропола од средниот век; Бабино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Бабино