Св. Недела — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на околу 500 м северно од селото и 100 м јужно од раскрсницата на патот Макази — Претор, на една блага височинка / тумба, која е доста развлечена од интензивните земјоделски работи. Во нивите во 1978-80 година е извршено заштитно археолошко ископување при што се откриени остатоци од куќа, градена од дрвена граѓа и кал, од крајот на бронзеното време. Подвижниот археолошки материјал го претставуваат множество керамички садови за секојдневна употреба, со различни димензии и форми, скромно украсени со вдлабнатини од прсти. Најдени се орудија од коска и камен, како и тегови и прешлени од земја. Неколкуте групи од фрагментирани керамички садови асоцираат на грнчарска работилница. Средниот дел на куќата е уништен со вкопувањето на подоцнежен објект, со ѕидови дебели 1 м сувоѕидица, поставени во правец исток-запад, организирани во облик на буквата П. Функцијата и временската припадност на овој објект не можеле да се определат. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Асамати —осамен наод од римско време; Мисурица — населба од римско време; Прекоп — населба од хеленистичко време; Ружин Гроб — тумул од железно време; Св. Архангел — осамен наод од доцноантичко време; Асамати; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Асамати