Камара — археолошко наоѓалиште во преспанското село Отешево. Претставува утврдена населба од доцноантичко време. Се наоѓа во непоредната близина на хотелот „Југославија“, каде при изградбата на спортското игралиште биле откриени и делумно уништени остатоци од темели на објект, градени од камен и варов малтер, и повеќе питоси. Денес на површината се забележуваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Пирк — населба од хеленистичко време; Черти Камен — светилиште од ран среден век; Св. Атанас — црква и некропола од римско време; Сирхан — осамен наод од римско време; Отешево; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Отешево