Секој со своето езеро е збирка раскази од македонскиот писател Ненад Јолдески. Збирката е објавена во 2012 година во издание на „Темплум“, како 104 книга во рамките на едицијата „Магма“. Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 93 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-13-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Рене Магрит, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата, куса биографија на авторот и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“. Објавувањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.Ненад Јолдески, Секој со своето езеро, Темплум, Скопје, 2012. Содржина Збирката „Секој со своето езеро“ содржи 14 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е даден попис на објавените книги од едицијата „Магма“. Во збирката се застапени следниве раскази: Дрвја со крошни под земја Каде си поету? Магла Неплатени хотелски сметки Патувања Спирала Куќа Николај и мастилавото езеро Кај најде баш сливата, Господи! Оган Татко ми, часовникот и краткиот расказ Мајка ми, поплавата и краткиот расказ Мостот, магичната труба и големиот бел галеб Вода
Награди и признанија Во април 2016 година, книгата „Секој со своето езеро“ ја добила наградата на Европската Унија за литература.Роберт Алаѓозовски, „Езерото отпатува по Европа“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 101-103.
Критички осврт кон делото Роберт Алаѓозовски ја оценува книгата како нагласено артистична, со метафорична и немиметична реторика. Повеќето од расказите би можеле да се оценат како лирска проза отколку раскази. Тие повеќе зборуваат за состојби и за чувства отколку што конструираат свет во кој нешто се случува. Според него, деловите што ја прават збирката вредна и привлечна се: лиричноста, натрупаната симболика, редуцираниот исказ и дискретниот револт кон денешните состојби. Во тој поглед, прозата на Јолдески делува малку анахроно, но тоа е симпатично.
Наводи
Категорија:Книги од 2012 година Категорија:Дела на Ненад Јолдески Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Македонски дела од 2012 година Категорија:Македонски раскази