Кокаински хроники е збирка раскази од осум американски писатели. Збирката е објавена во 2010 година во издание на „Темплум“, како 82 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски. Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 191 страница. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-72-2. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Пако Помет (Paco Pomet), додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“.Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010. Содржина Збирката „Кокаински хроники“ содржи осум раскази: Ли Чајлд, Десет килограми Лаура Липман, Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд) Џери Штал, Самрак на будалите Роберт Ворд, Хемија Дебора Ванкин, Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли Емори Холмс II, Попознат како Мојсеј Рокфелер Бил Муди, Синиот Камаро Гери Филипс, Диско зомбиња
Наводи
Категорија:Американски раскази Категорија:Изданија на Темплум