Лав Џејмс Рејнвотер ( - ) — американски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1975 „за учество во определување на асиметричните форми на одредени атомски јадра“.

Животопис Рејнвотер е роден во Ајдахо, САД, но подоцна се преместил во Ханфорд, Калифорнија, по смрта на неговиот татко како последица на една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, „Шпанска треска“, во 1918. Тој добил диплома од Институтот за технологија на Калифорнија во 1939 како мајор по физика, подоцна станал доктор по филозофија во Колумбискиот универзитет во 1946, работејќи со Енрико Ферми.

За време на Втората светска војна, тој се занимавал со проектот Менхетен, кој претставувал прекар на подземно истражување за создавање на првата употреблива атомска бомба. Во 1949, тој почнал да ја развива својата теорија, спротивно на тоа што тогаш се верувало, дека сите атомски јадра не се сферични. Неговите идеи подоцна биле тестирани и потврдени од експериментите на Ејџ Бор и Бен Рој Мотелсон. Рејнвотер исто така придонел за научното сфаќање на Х-зраците и учествувал во Американската комисија на атомска енергија и поморските истражувачки проекти. Тој се придружил на факултетот по физика во Колумбија во 1946, каде што станал постојан професор. Тој бил наречен „Папин“ професор по физика во 1982. Рејнвотер исто така ја добил и Лоренсовата награда за физика во 1963. Во 1975 Рејнвотер бил награден со Нобелова награда за физика „за откривање на врската помеѓу колективното движење и движењето на честичките во атомското јадро и за развивање на теоријата за градбата на атомските јадра врз основа на оваа врска“

Наводи

Надворешни врски Photograph, Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy James Rainwater James Rainwater – Autobiography Leo James Rainwater

Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Американското физичко друштво Категорија:Учесници во проектот „Менхетн“ Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Американски јадрени физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД