Мајкл Ендру Спенс (; р. ) — американски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, заедно со Џорџ Акерлоф и Џозеф Стиглиц, за нивната работа на динамиката на тековите на информации и пазарниот развој.
Кариера
Спенс е веројатно најпознат по неговиот модел за сигнали на пазарот на труд, кој активирал голем дел од литературата во овој дел на теоријата на договор. Во овој модел, вработените сигналираат за нивните соодветни вештини до работодавците преку добивање одреден степен на образование, што за нив претставува трошок. Работодавците ќе платат повисоки надници на пообразованите вработени, бидејќи тие знаат дека соодност на вработени со повисоки вештини е повисок помеѓу образованите, бидејќи е поевтино за нив да стекнат образование отколку за вработени со ниски вештини. За овој модел да работи, не е неопходно образованието да има некоја внатрешна вредност, ако може да испорача информација околу испраќачот (вработениот) до примаќот (работодавецот) и ако сигналот има цена.
Спенс своето образование го здобил на Универзитетот во Торонто. Во 1966 година му била доделена стипендијата Роудс на Оксфордскиот универзитет по дипломирањето на Принстон со диплома по филозофија. Студирал математика на Оксфорд.Nobel "Autobiography" Спенс е поранешен декан на бизнис-школата на Стенфорд и е претседавач на комисијата за раст и развој.
Спенс се приклучил на Стерновата бизнис-школа на Њујоршкиот универзитет на 1 септември 2010 година..
Тој е постар член на институцијата Хувер на Стенфорд. Спенс е исто така комесар на глоблната комисија за управување со интернетот.
Тој е постојан придонесувач на проектот Синдикат, меѓународен синдикат на весници, од 2008 година. Помеѓу неговите верувања се она дека високофрекфентното тргување треба да биде забрането.
Избрани трудови
Наводи
Надворешни врски
Нобелово предавање
Profile and Трудови на RePEc
Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Нобеловата награда за економија Категорија:Канадски економисти Категорија:Канадски нобеловци Категорија:Американски економисти Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Американски нобеловци