thumb|right|Текстот „Мои на живо Господари“ (епитет за Македонците на старомакедонски јазик), напишан на старомакедонско писмо според научната хипотеза на Тентов и Бошевски. Македонското дешифрирање на средниот текст од Каменот од Розета — псевдонаучна хипотеза од Аристотел Тентов и Томе Бошевски, предложена во 2005 година, според која средниот текст од Каменот од Розета, староегипетски артефакт, е напишан на старомакедонски јазик, а дека писмото со кој е напишан текстот е старомакедонско писмо. Според нив, ова писмо се користело од античките Македонци за време на Кралство Македонија, спротивно од верувањата дека Македонците го користеле само грчкото писмо. Хипотеза Оваа хипотеза е во спротивност на глобалниот поглед во научната заедница според кој средниот текст од Каменот од Розета е напишан на демотското писмо кое се употребувало во Стар Египет. Според хипотезата, ова писмо било многу слично со старомакедонското. Наместо старомакедонското писмо, во светот се користи старогрчката азбука за пишување на јазикот и за бележење на гласовите. Тоа произлегува од фактот дека старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле двете користени во Античка Македонија, според Тентов и Бошевски. Во IX век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле заменети со новата македонска азбука - глаголицата.

Во средниот текст на Каменот од Розета се пронајдени, документирани и дешифрирани околу 4500 знаци. Аристотел Тентов и Томе Бошевски во својот труд заклучиле дека писмото е составено од три групи на знаци и тоа: симетрични знаци, асиметрични знаци и коси знаци. Исто така во средниот текст има забележано и присуство на пиктографи и лигатури. Со комбинација на овие три групи на знаци се добиваат слогови и пишувањето е слоговно. Јазикот се чита и пишува од десно кон лево.

Метод, пронајдоци и резултати Македонските научници, академик Томе Бошевски и професорот Аристотел Тентов во 2005 година спровеле истражување за дешифрирање на средниот текст на Каменот од Розета, при што дошле до доста занимливи заклучоци и пронајдоци особено во поглед на сличности со денешниот современ македонски јазик. Констатирано е дека за средниот текст на Каменот од Розета е користено слоговно писмо од типот согласка-самогласка и се идентификувани симболи за 25 согласки. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација во рамнината на пишување, определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или 8 самогласки и иако се ретко употребувани, сепак се идентификувани и симболите за запишување на изолирани самогласки и согласки, а во анализираниот текст покрај пишувањето на слоговните знаци еден до друг често се пишувани слоговните знаци и еден над друг во форма на лигатури. Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури е реализирано со користење на архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик при што во анализираниот текст кој е пишуван од десно на лево и без растојание меѓу зборовите и одвојување на речениците, идентификувани се повеќе од 160 зборови кои го задржале значењето во некои дијалекти на современиот македонски јазик. Исто така, идентификувани се и одреден број граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик како што е формирањето суперлатив кај придавките со претставката нај, множина кај именките со додавката -и, појавата на определена и неопределана форма кај именките и зачестената употреба на предлогот на. Со вака идентификуваните слоговни знаци, нивното означување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање на одредени зборови и читање на запишаното. Резултатите од дешифрирањето на средниот текст на каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои ги нема во текстот запишан со античко-грчко писмо. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822 година) дека средниот текст е оригиналот, врз основа на што заедно со ова истражување може да се допрецизира дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата којашто тие ја управувале повеќе од еден век.

Слоговни знаци Асиметрични слоговни знаци Асиметричните слоговни знаци се знаци за пишување на симболи на рамнина во осум различни положби. Со самото тоа што можат да се сретнат во осум различни положби, тие означуваат осум различни звучни вредности. Тие обележуваат слогови што една согласка може да се комбинира со осум самогласки. Во текстот се дешифрирани 12 согласки и тоа:

Податотека:Асиметрични слоговни знаци.gif

Понатаму, секоја согласка се комбинира со самогласка во осумте различни позиции и се добива бројка од 96 знаци. Секој знак се сретнува во осум различни позиции, на пример:

Thumb|Осум можни положби на еден симбол

Знаците што се дешифрирани во текстот се бележани и со соодветни бројчани вредности, засновано врз познатиот математичар Кардан. Оттука, секој симбол има своја бројчана вредност бележана со броеви од 1 до 9999. Броевите од 1 до 9999 се пишувале во облик на лигатури, тоа значи дека секој знак има една заедничка вертикална црта, но разликата е во тоа што секој знак има различни странични цртички. thumb|300px|center|Бројчен систем според Кардан

Симетрични слоговни знаци Симетричните слоговни знаци дејствуваат и функционираат на сличен начин како и асиметричните слоговни знаци, но разликата е во тоа што симетричните се запишуваат и можат да се сретнат само во четири различни позиции, за разлика од асиметричните кои можат да се сретнат во осум различни позиции. Со таа комбинација се добиваат четири различни слогови на една согласка со четири различни самогласки. Постојат шест такви знаци и тие се:

Податотека:symmetrical_syllabic_signs1.gif

Секој знак поединечно може да се запише во четири различни позиции: горе, долу, лево и десно.

Податотека:symmetrical_syllabic_signs2.gif

Со комбинација на согласка-самогласка се добиваат 24 различни знаци, пример: thumb|300px|center|Можни комбинации со согласката п

Коси слоговни знаци Косите слоговни знаци функционираат на ист начин како и симетричните слоговни знаци, можат да се сретнат и запишат во четири различни позиции. Една согласка може да е во пар со самогласка во четири различни позиции. Такви дешифрирани коси слоговни знаци има 6 и тоа :

Податотека:nakoseni_znaci.gif

Како што веќе напоменавме, секој накосен знак се сретнува во четири различни позиции. Со комбинација можат да се добијат 24 различни слоговни знаци:

Податотека:inclined_syllabic_signs_2.gif

Специфичен слоговен знак Во текстот е дешифриран и забележан и специфичен знак. Тој знак исто така може да има четири различни позиции и форми како на примерот: Податотека:specific_syllabic_sign.gif

Знаци за изолирано пишување

Знаци за изолирано пишување на согласки

Покрај слоговниот систем на пишување, дешифрирани се и изолирани согласки односно согласки што стојат сами без никакви самогласки или други парови. Се среќаваат три такви изолирани согласки. Појавата на коса црта во составот на основниот знак врши функција на вирам, а тоа значи дека косата црта ја елиминира самогласката на слогот каде се наоѓа.

Податотека:izolirani_soglaski.gif

Знаци за изолирано пишување на самогласки При пишувањето на старомакедонски јазик, има потреба да се забележуваат и изолирани самогласки. Имаат слична функција како и изолираните согласки. Немаат повеќе позиции, се наоѓаат само во една позиција. Во старомакедонскиот јазик има 7 изолирани самоглакси :

Податотека:isolated_writing_of_vowels.gif

Пиктографски знаци Со развитокот на старомакедонскиот јазик, во неговиот состав се зачувале и остатоци од поранешниот развој на јазикот, влијание од друг јазик или постар стадиум на јазикот. Така, во склопот на системот на пишување на старомакедонскиот јазик се забележани и група на пиктографи што се користеле за пишување. Овие знаци не се вклопуваат во слоговната концепција и тие се сретнуваат најчесто во форма на вертикални црти.

Податотека:Пиктографски знаци 1.PNG

Покрај овие пиктографски знаци, забележани се уште два знаци што не се вклопуваат во слоговната концепција. Првиот знак ја означува стилизираната форма на Богот на мртвите од египетската митологија, а додека вториот ја претставува стилизираната форма на змија. Овие симболи најверојатно се воведени од влијанието на египетскиот јазик.

Податотека:Пиктографски знаци.PNG

Пишување на лигатури Комплицираноста на системот на пишување на старомакедонскиот јазик е доста здобиена и со користењето на лигатурите. Имено, покрај основниот начин на пишување со слогови во обичен ред, има и пишување на слогови еден над друг- таканаречени лигатури. Со лигатурите се изразува специфичноста и уникатноста на старомакедонскиот јазик. Лигатурите се сретнуваат со два до три знаци, најчесто почеток на збор се запишува со лигатура, ако лигатурата ја има и на крајот на зборот тогаш таа е запишана најчесто со еден или два знаци.

Податотека:Пишување на лигатури.PNG

Озвучување Озвучувањето на јазикот и слоговите на старомакедонскиот јазик, е направено според домородното население, односно врз јазикот на староседелците на територијата на Македонија. Карактеристично за слоговните писма е тоа што со слоговите и нивната функција јасно се воочува карактристиката на јазикот и јазичните единици. Сличноста помеѓу старомакедонскиот јазик и денешниот модерен македонски јазик е голема, ги има потполно истите согласки и самогласки. Разликата е во тоа што во старомакедонскиот јазик ги има буквите 'шт' '(?)' што се користеле во средновековниот и црковномакедонскиот јазик кои денес не се сметаат за самостојни гласови. При озвучувањето на јазикот, дошло до озвучување на симетрични слоговни знаци, асиметрични слоговни знаци, коси слоговни знаци, специфични слоговни знаци, знаци за изолирани согласки, изолирани самогласки, пиктографски знаци и лигатури.

Озвучување на асиметрични слоговни знаци Со текот на истржувањето и испитувањето, денес се познати и озвучени сите 12 асиметрични знаци за согласки.

Како што веќе напоменавме, има големи сличности помеѓу модерниот македонски јазик и старомакедонскиот јазик. Така на пример од полето на правописот буквите Р и Ј ги имаат истите вредности во двете фази на развојот. Од останатите букви се забележуваат сличности и со буквите Ж, З, Ѕ, С, Ц, Ш и Ч. Озвучени и опишани се сите форми и положби на буквите како што е прикажано на сликата подолу. thumb|center|400px|Комплетна табела на озвучени согласки и нивните положби

Озвучување на симетрични слоговни знаци Според расположливите материјали и резултатите од истражувањата за македонскиот јазик, денес се озвучени шест симетрични слоговни знаци, па така имаме: thumb|center|300px|Озвучување на симетрични слоговни знаци Секој знак од горе наведените при пишување на старомакедонски јазик, можат да се користат во четири различни позиции, коминирани со различни самогласки. Во следната табела се покажани комбинациите на секој знак поединечно : thumb|center|300px|Табела на озвучени симетрични слоговни знаци

Озвучување на коси слоговни знаци Како што веќе ги објаснивме овие знаци, повторно ќе напоменеме дека главна одлика на оваа група на симболи е тоа што преовладува косата црта. Така, симболите се разликуваат од асиметричните и симетричните знаци по форма и вредност. Со истражувањето, озвучените знаци можат да се сретнат во четири позиции, слично како кај симетричните. Интересно е да се напомене дека согласката Љ често оди во комбинација со самогласката У, што е одлика на старомакедонскиот и македонскиот современ јазик. Во следната табела се покажани дел од косите симболи : thum|center|300px|Коси симболи

Озвучување на специфични слоговни знаци Според истражувањата и резултатите, добиено е озвучување на четири специфични знаци, што потсетуваат на денешната македонска буква Д по форма и изговор (од лево кон десно: ДО, ДЕ, ДА, ДИ) : thumb|center|300px|Специфични симболи