мини|Ришки премин Битката кај Ришкиот Превој се одвила во 759 година кај Ришкиот Превој на Стара Планина, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугаритете.
Заднина
Меѓу 755 и 775, византискиот цар Константин V Копроним организирал девет неуспешни кампањи за да ја покори Бугарија.
Конфликти
Во 759 година, императорот на чело со многубројна војска заминал кон Бугарија, но бугарскиот хан Винех успеал да ги зацврсти своите позиции околу Стара Планина. Кога византиската војска престигнала кај Ришкиот премин, таа била нападната од заседа и целосно поразена. Во Битката загинале голем дел од византиските војнициГръцки извори за българската история, том III, с. 270. Византискиот историчар Теофан Исповедник пишува дека Бугарите го убиле стратегот на Тракија.
Последици
По битката, ханот Винех добил можност да ја нападне непријателската територија. Но наместо тоа, тој започнал мировни преговори. Ова дело му го навлекла гневот на аристократијата, поради која причина бил убиен во 761 година.
Наводи
Категорија:Бугарија во 8 век Категорија:Византија во 8 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни Категорија:Стара Планина