Битката кај Катасиртаи се одвила во 917 година кај Катасиртаи, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Позадина Од почетокот на 917 година и двете земји се подготвувале за одлучувачка војна. Византијците направиле обид за создавање на анти-бугарска коалиција, но обидот им пропаднал благодарение на брзата реакција на бугарскиот цар Симеон. Сепак Византијците организирале огромна армија, но таа била целосно уништена во Битката кај Анхијал.

Битка

По победата кај Анхијал, бугарските војски започнале офанзива на југ. Во тоа време Лав Фока, кој ја преживеал Битката кај Анхијал, пристигнал во Цариград по море и ги собирал последните војници за да го попречи патот на Бугарите кон главниот град. Двете армии се сретнале кај Катасиртаи. Борбата се одвила во текот на ноќта и византиската армија повторно била поразена.

Последици

Последните византиски сили биле скршени и патот кон византиската престолнина бил отворен, но Србите се побуниле од запад и Бугарите решиле дека е поважно да ги заштитат своите граници. Ова дало време на Византија да се опорави од поразот.

Наводи

Литература Ioannes Scylitzes. Historia. 2, p. 88

Категорија:Бугарија во 10 век Категорија:Византија во 10 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни