Јован Халд (грчки: Ἰωάννης Χάλδος) бил византиски воен началник во служба на императорот Василиј II, дук (управител) на темите Вукеларион и Армениакон (во северна Мала Азија)Cheynet, Jean-Claude. Basil II and Asia Minor, стр. 84. Във: Magdalino, Paul. Byzantium in the Year 1000. BRILL, 2002. ISBN 9789004120976 .
На крајот на 989 година, при задушувањето на востанието на Вардех Фока и Вардех Склир, Јован Халд бил испратен со силна армија против сојузникот на Фока - владетелот на јужна Грузија Давид III, и го принудил да се потчини на василевсаJenkins, Romilly. Byzantium: The Imperial Centuries, AD 610-1071. University of Toronto Press, 1987. ISBN 9780802066671, стр. 316. Резултатот од походот бил договорот од 990 година, со што Василиј II добил право над земјиштето на Давид по неговата смрт и право за интервенција во грузиските династически дела.
Следната мисија на Јован Халд била да замени солунскиот дук Григориј Таронит, кој загинал во борба против Самоил во 995 година. Во Солун Јован довел со себе контингенти од анадолските земји, но не успеал да ги запре нападите на Самоил. Во 996 година паднал во заседа и бил заробен. Останал во заробеништво дваесет и две години - до освојувањето на Самоиловото Царство во 1018 година. Предаден бил на император Василиј II во 1018 годинаПириватрич, Сърджан. Самуиловата държава. Обхват и характер. София, Издателска група „АГАТА-А“, 2000. ISBN 954-540-020-X. Стр. 118-119, 142 во Сер од управителот на Струмица Драгомаж.
Споменат е за последен пат во 1030 година, кога царот Роман III Аргир не го послушал неговиот совет да не војува со Алеп, што доведува до поразот во Битката кај Азаз.
Наводи
Литература
Категорија:Византијци од 10 век Категорија:Византиски управници на Солун