Симеон Шутев (Штип, - , ) — македонски спортист, првиот Македонски олимпиец кој настапил на олимписките игри во Мексико.

Животопис Шутев е роден во Штип на 21 ноември 1942 година. Уште како мал му пристапил на боречкиот клуб Балканец и за кратко време се нашол во составот на тогашната југословенска репрезентација во борење-слободен стил и во 1968 година заминал на Олимписките игри во Град Мексико. На неа се пласирал од шестото до деветтото место. Тогаш загубил од еден Турски борач и од еден Бугарин, кои во неговата категорија подоцна станале и светски шампиони. Причина за несупехот делумно е и во тоа што настапил во повисоката категорија, до 57 килограми, наместо во неговата. По Олимпијадата, Шутев ја продолжил клупската кариера во Гавриловиќ од Петриња и Железничар од Белград, каде што, истовремено, ја посетувал и тренерската школа. Првиот медал за Македонија Шутев го донел од Балканијадата во Атина. Со победата над тогашниот актуелен балкански шампион, Романецот Кристеа, Шутев се закитил со бронза. По завршувањето на боречката кариера бил и тренер во Балканец. Покрај борењето, тој бил и спортски риболовец. Биле и добар пливач и гимнастичар. Бил и боречки судија. Последните години од животот ги поминал во Куманово, каде и починал на 8 август 2015 година. почива во родниот Штип.ИН МЕМОРИАМ: Почина освојувачот на првиот олимписки медал за Македонија – Симеон Шутев

Наводи

Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски борачи