Маврекс — византиски поморски командант кој бил активен во втората половина од век, главно при Византиско-нормански војни. Неговиот идентитет не е целосно утврден, бидејќи неколку различни луѓе се поистоветувани со истата личност: „Маврекс“ кој бил богат морнар и трговец од Хераклеја Понтика, адмирал во чие име во латинските изворе е Мамбрита или Мамбрика кој бил активен против норманите во 1060-те и 1080-те, и Михаил Маврекс, војсководец и владетел познат преку неговите печати.; ; .

Според Никифор Бријениј, Маврекс бил со скромно потекло, роден во Хераклеја Понтика, и особено искусен во поморски дејства. Поради ова тој станал, според Бријениовите зборови, „незаменлив“ за Византија, и поради ова бил даруван од царевите, насобирајќи големо богатство.; . Војсководачот Михаил Маврекс првпат се споменува околу 1050 година како ниско остиариј, и бројни печати го следат неговото издигнување низ службата, до Хипат и патрикиј, вест и стратег на Хиос, вестарх и катепан на Дирахија, магистрат, проед и дукс на Букеларија, до куропалат и дукс на Антиохија.; ; .Prosopography of the Byzantine World Seals: 125 , 239 , 2153 , 3085 , 3780 , 3783 .

Во Оксфордски речник за Византија, Александар Каждан го прифаќа идентитетот на трговецот Маврекс и адмиралот, но смета дека поистоветувањето со Михаил Маврекс го смета за сомнително бидејќи тој немал ниедна од титулите на другиот и обратно.. Слично, Мајкл Хенди се сомнева де поистоветувањето со трговецот Маврекс, „приватно лице“, со кое и да е воено лице, но смета дека војсководецот Михаил Маврекс и поморскот војсководец се истата личност..

Во 1066 година, според Кратката норманска хроника, Маврекс (Мамбрика/Мамбрита) командувал флота која спречила обид за инвазија на Балканот водена од Годфри Тарантински, и наредната година, како водач на византиската армија се истоварил во Апулија и ги зазел Бари, Таранто и Кастеланета од норманите. Не бил во можност да ги спречи норманите да опсади Бари повторно во 1068 година, и во 1070 година, се споменува како се бори против Годфри и Робер Гискар.; .

Околу 1076 година, според Бриениј, Маврекс бил домаќин на идниот цар Алексиј I Комнин на неговиот имот во Хераклеја. Алексиј во тој период сè уште бил војсководец кој водел походи против Турците селџуци, и Маврекс му обезбедил голем број на војска од неговиот лична вооружена свита и слуги.; ; .

Маврекс повторно се спомнува во записите на Ана Комина, без понатамошен коментар, како води взаемна византиско - венециска флота во побеа против норманите во пролетта 1082 година.Anna Komnena. Alexiad, 4.3. Последен пат се спомнува во 1084 година, кога накусо се спомнува (дукс Маврика) од Вилијам Апулски како војсководец на византиската флота стационирана во близина на Крф.; .

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Византијци од 11 век Категорија:Византиски адмирали Категорија:Византиски војсководци Категорија:Византиски управници Категорија:Починати во непозната година