Седма македонска ударна бригада (позната и како Битолска ударна бригада) ― формирана на 22 август 1944 година во селото Зборско, на планината Кожуф. Била формирана претежно од борци од битолско-преспанскиот регион, од Битолскиот баталјон „Стив Наумов“ од составот на Втората македонска бригада и новопристигнати борци од Битолско. Орган на бригадата бил весникот „Удар“.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 107-109

Команден состав Командниот состав на бригадата го сочинувале: Васко Карангелески, командант до 4 октомври 1944 година Васил Бошевски, командант во октомври 1944 година Пецо Гудовски

Политички комесари биле: Илија Илијевски Митревски, од 22 август 1944 година Драги Тозија, од средина на октомври 1944 година.

Борбени дејства На денот на формирање, бригадата броела 320 борци распоредени во три баталјони. По формирањето бригадата тргнала во напад на бугарските единици на планината Ниџе, Баба и Кајмакчалан, а потоа операциите се прошириле кон Ресенско.

Бригадата ги нападнала позициите на бугарските сили на просторот Ресен-Битола: граничните караули на планината Кајмакчалан (24-28 август), во Преспа (5 септември), во реонот на селата Покрвеник, Шурленци, Стење (6 септември), Подмочани (7 септември) и др. По капитулацијата на Бугарија, влегла во составот на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10 септември), водела непрекинати борби против германските сили на комуникацијата Ресен-Битола, учествувала во ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско, ја ослободила Битола на 4 ноември и учествувала во ослободувањето на Кичево и Зајас во периодот од 15-18 ноември 1944 година. Учествувала во борбите за ослободување на Тетово, каде со воените реформации на 15 декември 1944 година оваа бригада се ресформирала, а формацискиот број „седма“ бил доделен на Четвртата македонска албанска бригада.

По реорганизација на единиците во декември 1944 година, дел од борците и старешините влегле во состав на Првата и Втората македонска ударна бригада, кои формациски припаѓале на Четириесет и осмата дивизија на НОВЈ, која пак била дел од Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ. Со корпусот бригадата учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, во ослободувањето на Славонска Пожега и Загреб.

Бригадата била одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и со Орден братство и единство со златен венец.

Наводи

Категорија:Бригади на НОВМ