мини|десно|300п|Карта на Новозеландските Подантарктички Острови Новозеландски Подантарктички Острови () — петте најјужни групи на оддалечените острови на Нов Зеланд, заштитени како светско наследство на УНЕСКО.New Zealand Sub-Antarctic Islands - UNESCO World Heritage Centre Расположени се по јужниот раб на стариот потопен континент Зеландија, раседен од Австралија пред 60–85 и од Антарктикот пред 130-85 милиони години.

Сè до 1995 г. во метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров трајно престојуваленаучни истражувачи, но оттогаш островите ги посетуваат само повремени научни екипи и туристи. Островите се следниве:

Антиподски Острови: главниот остров и островот Болонс, Приветрените Острови, Орд Лис, Заветрен Остров, Саут Ајлет, како и помали карпи Оклендски Острови: Окленд, Адамсов Остров, Дисапојнтмент, Ендерби, Јуинг и Роуз и помали карпи Баунти: две мали групи островчиња, Западната и Источната, како и помали карпи Кемпбелови Острови: Кемпбеловиот Остров како главен, мали карпи и островчиња околу него, вклучувајќи ја најјужната точка на Нов Зеланд, островот Жакмар. Снерс: Североисточен Остров, Висок Остров, Бротон, Алерт Стак, Тахи, Руа, Тору, Фа и Рима, како и помали карпи

Делат извесни особености со австралискиот остров Маквори на запад.

Нов Зеланд воено се повикува, over several на неколку острови недалеку од антарктичкото копно, чија сопственост е во задршка согласно Антарктичкиот договор:

Росов Остров и остатокот од Росовиот Архипелаг Балени: Јанг, Бакл и Стерџ и неколку помали островчиња Рузвелтов Остров Скот и Хагитс Пилар

Од сите нив, само Росовиот Остров има научен кадар распореден во неколку истражувачки станици, од кои попознати се Макмердовиот Теснец и базата „Скот“.

Заштитата на резерватот е зајакната во 2014 г. со што островите станале најголемото природно прибежиште во земјата.

Поврзано Список на острови во Нов Зеланд Оддалечени острови на Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски

Подантарктички острови — Служба за заштита на природата Класификација на подантарктичките острови на УНЕСКО Бродоломци: Насукани на подантарктички остров — Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд

Категорија:Новозеландски Подантарктички Острови Категорија:Оддалечени острови на Нов Зеланд Категорија:Подантарктички острови Категорија:Архипелази во Нов Зеланд Категорија:Светско наследство во Нов Зеланд Категорија:Зеландија