Езерце — заштитено подрачје коешто се наоѓа покрај течението на реката Вардар.

Местоположба и големина Езерце се наоѓа во близина на селото Трубарево, непосредно до Трубаревскиот Дендропарк (Трубаревски Арборетум) и заштитеното подрачје Острово. Месноста е на средна надморска височина од околу 235 м и зафаќа површина од 5,7 ха.

Геологија и климатологија Просторот на Езерце за време на терцијарот бил дел од некогашното скопско неогено езеро. Подоцна, со повлекување на водата овој простор останал на суво и постепено бил освојуван од терестички растителни и животински видови. Од климатски аспект, овој дел од просторот е под влијание на континентална клима од север и мало влијание на подсредоземна клима која продира по течението на реката Вардар од југ. Средната годишна температура изнесува 12,2°С. Последново укажува дека станува збор за доста сушно подрачје со средно годишно количество врнежи од 514 мм. Месноста е сместеноа во алувијалната рамнина на реката Вардар, што укажува дека просторот изобилува со подземна хидрографска мрежа.

Растителен и животински свет Езерце преку целата година е под вода, а во летниот период водата се задржува само во пониските места. Подлогата е доста влажна преку целата година и во неа се развива типична блатна вегетација со доминација на трската и рогозот. Во езерцето, на површината на водата доминантна е лемната. Во месноста застапени се претставници од грмушеста и дрвенеста вегетација, а во одредени делови повремено има карактеристики на поплавена шума.Андоновски, Д.. „Острово – заборавеното богатство на Скопје“. Дома. 5 август 2022. Од растителните видови, преовладуваат: бела врба, кревка врба, бела топола, црна топола, брест, а се среќаваат: врес, јавор, бозел и багрем.

Од безрбетната фауна, доминантни се претставниците од групата инсекти: 5 вида вилински коњчиња, 18 вида дневни пеперутки, 8 вида скакулци; од мекотелите забележани се: медицинска пијавица, 3 вида водни полжави, а на крајбрежјето 3 вида копнени полжави. Од ’рбетната акватична фауна застапени се: 2 вида риби, 2 вида водоземци и 2 вида влекачи; од копнената рбетна фауна: 2 вида водоземци, 4 вида влекачи, 51 вид птици и 19 вида цицачи (15 лилјаци и 5 други цицачи: крт, еж, верверица, дива мачка, бизамски стаорец).

Заштита Месноста се одликува и со значајни еколошки, образовни и рекреативни вредности поради коишто во 1994 година била прогласена како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата.Јорданов, С. (2009). „Национален систем на заштитени подрачја“. Министерство за животна средина и просторно планирање. Дојран.

Галерија

Поврзано Список на заштитени природни подрачја во Македонија Дендропарк Острово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трубарево Категорија:Споменици на природата на Македонија