Полициски оддел на градот Њујорк (; скратено NYPD) — најголем полициски оддел во САД.Local Police Departments, Министерство за правда на САД, 2007, стр. 34. Тој е создаден на 23 мај 1845 година со цел да го спроведува законот во градот Њујорк. Според статистики од 2017 година имал вкупно 55.304 вработени. Неговиот буџет во 2018 година изнесувал 5,6 милијарди американски долари. Според пописот од 2010 година, полицискиот оддел на градот Њујорк служи на вкупно 8.175.133 жители, на територија од 1.213,37 квадратни километри.

Поврзано Полициски оддел на градот Лос Анџелес

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Законоспроведувачки органи во САД Категорија:Њујорк