Ваут ван Ерт (; р. во ) — белгиски професионален велокрос и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Ја освоил елитната трка на Светските првенства во велокрос во 2016 година, 2017 година и 2018 година. Се приклучил на во март 2019 година со тригодишен договор откако го раскинал неговиот договор со во 2018 година.
Кариера
Ван Ерт е роден во Херенталс, Фландрија, во семејство што не било вклучено во велосипедизам. Еден од братучедите на неговиот татко е поранешниот холандски професионален велосипедист Јос ван Ерт. Ја започнал неговата кариера во велокрос каде станал светски првак (2016, 2017, 2018) и белгиски првак (2016, 2017, 2018, 2021, 2022).
Ван Ерт возел на Страде Бјанке 2018 одржана на патишта од чакал при пороен дожд. Се одвоил со Ромен Барде () и двоецот ја предводел трката во поголемиот дел од завршните 40 километри пред Тиш Бенот () да нападне од групата за да ги достине и да се одвои од нив во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот сам стигнал на целта со 39 секунди пред Барде, кој се одвоил од Ван Ерт во завршниот километар; Ван Ерт на крајот го заокружил подиумот со уште 19 секунди зад Барде, и покрај тоа што морал повторно да седне на неговиот велосипед по падот на последното искачување во Сиена.
Контроверза со трансферот
Ван Ерт возел со екипата на друмските трки во 2018 година. Во текот на годината го изразил своето незадоволство што екипата ќе се спои со за сезоната 2019. Откако потпишал договор да вози за од 2020 година, го раскинал својот договор со во септември 2018 година. Ако се приклучел на друга екипа за 2019 година, Снајпер Сајклинг – сопственици на екипата – изјавиле дека ќе бараат пола милиони евра надомест. објавиле дека се заинтересирани да потпишат со Ван Ерт една година порано од планираното, и го потврдиле трансферот во декември 2018 година, а Ван Ерт се приклучил на екипата од 1 март 2019 година.
Џамбо-Висма (2019-денес) 2019
мини|лево|Ван Ерт ја носел белата маичка на Тур де Франс 2019
Во јуни 2019 година, Ван Ерт освоил две етапи и зелената маичка на Критериум ди Дофине, станувајќи национален хронометарски првак и го освоил бронзениот медал во друмската трка на државното првенство. Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019. На 15 јули, Ван Ерт ја освоил десеттата етапа по исклучителниот спринт, завршувајќи пред Елија Вивијани и Кејлеб Јуан.http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-van-aert-raises-his-own-bar-with-exceptional-sprint-win/ На 19 јули имал пад при поединечниот хронометар во По и бил принуден да ја напушти трката поради здобиените повреди. Потоа следел период на опоравување и му било укажано дека не е сигурно дека ќе биде подготвен за новата велокрос сезона или пак за сезоната на класици во друмскиот велосипедизам.
Ван Ерт подоцна изјавил за весникот Het Laatste Nieuws дека падот бил толку тежок што можело да ја заврши неговата кариера, влошен поради грешка при неговата операција, кога докторите направиле грешка на една од неговите тетиви. Во ноември 2019 година, Ван Ерт ја освоил наградата „Фландриец на годината“.
2020
На 1 август 2020 година, Ван Ерт ја освоил првата презакажана трка во Светската турнеја по пандемијата на КОВИД-19, Страде Бјанке откако нападнал сам на околу 13 километри до целта. Следната седмица, Ван Ерт ја освоил повторно закажаната Милано-Санремо 2020 откако го претекнал францускиот возач Жилијан Алафилип, бранителот на титулата, од , во меѓусебниот спринт, откако двоецот се одвоил од главната група на спустот од Поџо. На 2 септември 2020 година ја освоил петтата етапа на Тур де Франс во лесен спринт на нагорнина. Исто така го освоил спринтот на седмата етапа. На Светското првенство 2020 во Имола, Ван Ерт го освоил сребрениот медал во обете дисциплини, поединечниот хронометар и друмската трка.
2021
Ван Ерт ја започнал друмската сезона 2021 на 6 март на Страде Бјанке и завршил на четвртото место. Потоа возел на Тирено-Адријатико со желба за генерален пласман, освојувајќи ја воведната етапа во масовен спринт пред другите спринтери како Кејлеб Јуан и Елија Вивијани. По постојани и силни резултати на остатокот од трката, вклучувајќи ја победата на последната етапа, поединечен хронометар во должина од 10,1 километар, успеал да го освоил бодовниот пласман и да заврши втор во генералниот пласман зад освојувачот на Тур, Тадеј Погачар. По Тирено-Адријатико, Ван Ерт завршил трет на Милано-Санремо зад Јаспер Стејвен и Кејлеб Јуан. На 28 март, Ван Ерт спринтал за победа на Гент-Вевелгем. На 18 април, Ван Ерт ја освоил Амстел Голд Рејс по возбудливиот спринт кој бил одлучен од фото-завршница пред Том Пидкок.
На 7 јули, Ван Ерт ја освоил етапата 11 на Тур де Франс 2021 откако нападнал на последното искачување на Мон Венту на 32 километри до целта. Потоа, Ван Ерт изјавил дека оваа победа на таква важна планинска етапа била најголемата победа во неговата кариера. На 17 јули 2021 година, Ваут ван Ерт ја освоил етапата 20, која била поединечен хронометар во должина од 30,8 километри, со време од 35’ 53" (50,3 км/ч]. На 18 јули 2021 година, Ваут ван Ерт ја освоил завршната етапа на Тур де Франс 2021, со што ја освоил третата етапна победа на Тур, поминувајќи ја целта на Шанзелизе победувајќи ги Јаспер Филипсен кој завршил втор и Марк Кевендиш кој завршил трет. По трката, Ван Ерт изјавил дека „Претпоставувам си зададов себеси проблем бидејќи морам да бидам на лет вечерва (до Олимпијадата) и сите овие интервјуа ќе потраат... (но) да се одвојат овие три етапи е непроценливо“. Тој бил прв возач кој освоил планинска етапа, хронометар и масовен спринт на истиот Тур по Бернар Ино во 1979 година.
На олимписката друмска трка завршил 1' 07" зад победникот Ричард Карапас, но го освоил спринтот во групата зад него, освојувајќи го сребрениот медал.
Во септември 2021 година, Ван Ерт ја освоил Трката околу Британија.
На Светското првенство го освоил сребрениот медал во поединечниот хронометар.
2022
Ван Ерт ја започнал друмската сезона 2022 со победа на Омлоп Хет Ниусблад откако направил соло-напад на 13 километри до целта. Потоа го освоил хронометарот на Париз-Ница, како и бодовниот пласман. На првиот монумент од годината, Милано-Санремо, Ван Ерт завршил осми. Подоцна го освоил Е3 Саксо Банк Класик во меѓусебен спринт со колегата Кристоф Лапорт со кого нападнале заедно на Патерберг на 40 километри до Харелбеке и ја завршиле трката со над минута и пол предност пред следната група. Неколку дена пред Трката околу Фландрија, Ван Ерт добил позитивен тест за КОВИД-19 и бил принуден да го откаже учеството на Трката околу Фландрија и на Амстел Голд Рејс. По две недели без трки, Ван Ерт се вратил со второ место на Париз-Рубе. Една недела подоцна завршил трет на неговиот прв настап на арденскиот монумент Лиеж-Бастоњ-Лиеж.
Ван Ерт започнал на Тур де Франс 2022 со три втори места, вклучувајќи го воведниот хронометар, како и спринтовите на втората и на третата етапа. Неговите резултати биле доволно добри за да ги преземе жолтата и зелената маичка по втората етапа. Четвртата етапа се очекувало да биде уште еден масовен спринт, но на 10 километри до целта екипата Џамбо-Висма организирала напад на последното искачување на етапата. На врвот на искачувањето, Ван Ерт се одвоил и возел сам до завршницата, мавтајќи со рацете како да лета кога ја поминал целта. Адам Блајт на Јуроспорт коментирал дека никогаш не видел напад како тој претходно, а Фил Лигет, аналитичар за американската телевизија NBC, изјавил дека нападот го потсетил на Еди Меркс. Дотогаш, неговото водство во бодовниот пласман било значително. Петтата етапа на калдрмата била катастрофална за екипата, но благодарение на силниот настап на Ван Ерт кон крајот на етапата, загубите за екипата биле ограничени. Ја загубил маичката на шестата етапа откако се пуштил во успешно бегство, но на крајот бил достигнат и претекнат. Ја извозел етапата во најголем дел на чело на тричленото бегство и на крајот го добил црвениот број на седмата етапа за неговите напори. Осмата етапа делувала дека ќе биде освоена од бегство, но екипата Џамбо-Висма го држела темпото и го достигнала бегството на почетокот на последното искачување. Етапата завршила со масовен спринт на нагорнина кој го предводеле Мајкл Метјус и носителот на жолтата маичка, Тадеј Погачар. Ваут ван Ерт отпрвин делувал дека е блокиран, но кога наишол на отворен простор нападнал и никој не можел да ја следи неговата брзина. Ова било негова втора победа на овој Тур и негова осма поединечна етапна победа. До крајот на втората седмица неговото водство во бодовниот пласман било речиси недостижно, кога Ван Ерт имал повеќе од двојно повеќе бодови од второпласираниот Погачар. На етапата 18, која завршувала со планинска завршница на Отакам, Ван Ерт нападнал на првиот километар. Бил достигнат но повторно нападнал на следните бегства и останал надвор од главната група цел ден. На последното искачување се одвоил од последните двајца бегалци, Тибо Пино и Даниел Мартинес. Единствените двајца возачи кои биле пред него биле Погачар и Вингегор, кои ја зачувале жолтата маичка, што значело дека доколку Ван Ерт и Вингегор стигнат во Париз, Џамбо-Висма ќе биде првата екипа која ќе ги освои жолтата и зелената маичка по 1997 година. Го освоил завршниот поединечен хронометар на етапата 20 и бил именуван како најборбен возач на целата трка. На последниот ден во Париз ја поминал целта околу една минута по спринтерите, заедно со неговите преостанати колеги.
Личен живот
Ваут ван Ерт се оженил со Сара де Би во 2018 година и двојката го добила нивниот син, Џорџ во 2021 година.
Достигнувања Велокрос
2011–2012 2. 15п Светско јуниорско првенство 2. Национално јуниорско првенство 2. Краен пласман Јуниорски Суперпрестиж 1. Велокрос Рудерворде 2012–2013 1. Краен пласман Суперпрестиж под 23 години 1. Велокрос Зонховен 1. Велокрос Гавере 1. Суперпрестиж Гитен БПост Банк трофеј под 23 години 1. Слејтингспрејс Остмале 2. Краен пласман Светски куп под 23 години 3. 15п Светско првенство под 23 години 3. Државно првенство под 23 години 2013–2014 1. 20п Светско првенство под 23 години 1. Краен пласман БПост Банк трофеј под 23 години 1. Гран при ван Хаселт 1. Гран при Раумур 1. Азенкрос 1. Гран при Свен Нис 1. Краватенкрос 1. Национале велокрос Отегем 2. Краен пласман Светски куп под 23 години 1. Велокрос Намур 1. Гран при Номај 2. Краен пласман Суперпрестиж под 23 години 1. Велокрос Гавере 1. Вламсе Ардбејенкрос 1. Нордзекрос 2014–2015 1. 20п Европско првенство под 23 години 1. Краен пласман БПост Банк трофеј 1. Велокрос Копенберг 1. Болекескрос 1. Гран при Раумур 1. Азенкрос 1. Гран при Свен Нис 2. Гран при ван Хаселт 2. Краватенкрос Светски куп 1. Коксејде 2. Хогерхајде 1. Верслујс Велокрос Бредене 1. Кастелкрос 1. ГП Стад Екло 1. Мол 1. Слејтингспрејс Остмале 2. 15п Светско првенство Класици Судал 2. Јармаркткрос Нил 2. Мехелен 3. Државно првенство 3. Краен пласман Светски куп под 23 години 1. Намур 2. Фалкенбург 2. Хојсден-Золдер Суперпрестиж 3. Вламсе Ардбејенкрос 3. Нордзекрос Суперпрестиж под 23 години 1. Гитен 1. Зонховен 1. Гавере 1. Гран при де ла Регион Валон 2015–2016 1. 20п Светско првенство 1. 20п Државно првенство 1. 20п Краен пласман Супер куп 1. КросВегас 2. Кауберг Велокрос 2. Дејненкрос Коксејде 2. Велокрос Намур 2. Лињиер ан Бери 2. Гран при Адри ван дер Пул 1. Краен пласман Суперпрестиж 1. Суперпрестиж Гитен 1. Велокрос Зонховен 1. Велокрос Гавере 1. Гран при де ла Регион Валон 2. Велокрос Рудерворде 2. Вламсе Ардбејенкрос 3. Нордзекрос 1. Краен пласман БПост Банк Трофеј 1. ГП Марио де Клерк 1. Велокрос Копенберг 1. Болекескрос 1. Гран при Раумур 1. Схелдекрос Антверпен 1. Гран при Свен Нис 2. Васландкрос 3. Азенкрос Класици Судал 1. Нерпелт 2. Мехелен 1. ГП Стад Екло 1. Стенбергкрос 1. Полдеркрос 1. Зилвермеркрос 2. 15п Европско првенство 2. Велокрос Нилс Алберт 2. Слејтингспрејс Остмале 2016–2017 1. 20п Светско првенство 1. 20п Државно првенство 1. 20п Краен пласман Супер куп 1. КросВегас 1. Џингл Крос