мини|десно|250п|Гердан од Кенија
Ѓердан — ниска од бисер, злато, скапоцени камења, што обично се носи околу вратот, како украс, накит.
Најчесто се изработуваат од благородни метали: злато, платина, сребро, од некои легури од благородни метали или од бисери и драгоцени камења. Ѓердани можат да бидат со или без украсни додатоци (приврзоци). Покрај наведеното, ѓердани можат да се изработуваат од: школки, украсни парчиња од резбарено дрво, уметничко стакло, парчиња разнобојна пластика, разнобојни каменчиња и други материјали.
Вредноста на ѓерданот може да биде голема доколку е скап материјалот од кој е изработена или ако е изработена како уметничко дело (во зависност од вредноста на работата на уметникот кој го направил ѓерданот). Ѓердани изработуваат и продаваат кујунџии или златари, а во поново време се произведуваат индустриски или во модни студија (по нацрти на модните творци).
Ѓерданот во уметноста и во популарната култура „Големиот ѓердан“ — песна на камерунскиот поет Патрис Кајо.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 16-17. „Ѓерданче“ — книга на македонскиот писател Васил Куноски од 1956 година. „Ѓерданот“ — песна на македонската рок-група Верка од 2010 година. Верка, Моторни песни, 2010.
Поврзано Накит Белезица
Галерија на различни ѓердани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Накит Категорија:Турцизми