Хипоксантинот е природен пурински дериват. Повремено се наоѓа како составен дел на нуклеинските киселини, каде што е присутен во антикодонот на тРНК во форма на неговиот нуклеозид инозин. Тој има тавтомер кој е познат како 6-хидроксипурин. Хипоксантинот е неопходен додаток во одредени култури на клетки, бактерии и паразити, како подлога и извор на азот. На пример, тој е неопходен супстрат во култури на паразитот на маларија, бидејќи Plasmodium falciparum бара извор на хипоксантин за синтеза на нуклеински киселини и за енергетски метаболизам.

Во август 2011 година, НАСА објавила дека хипоксантин и сродни органски молекули, вклучувајќи ги и основните азотни бази на ДНК и РНК, аденин и гванин, се откриени во метеорити пронајдени на Земјата, што укажува на тоа дека тие може да се синтетизираат во вселената. Реакции Хипоксантинот е еден од производите на дејството на ксантин оксидазата на ксантин. Сепак, почесто во процесите на деградација на пурините, ксантинот се формира со оксидација на хипоксантинот под дејство на ензимот ксантин оксидоредуктаза.

Хипоксантин-гванин фосфорибозилтрансферазата го претвора хипоксантинот во инозин монофосфат (IMP) во патот на нуклеотидното спасување (селвиџ патот).

Хипоксантинот е, исто така, производ на спонтана деаминација на аденинот. Поради неговата сличност со гванинот, спонтаната деаминација на аденинот може да доведе до грешка во транскрипцијата / репликацијата на ДНК, бидејќи хипоксантинот има способност водородно да се врзува со цитозин.

Наводи

Категорија:Пурини Категорија:Хетероциклични соединенија Категорија:Азотни хетероциклични соединенија Категорија:РНК Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ