мини|Скелетна формула на ретронецин

Пиролизидинските алкалоиди се група на алкалоиди кои во себе ја содржат структурата на пиролизидинот. Пиролизидинските алкалоиди ги создаваат растенијата како одбранбен механизам против инсекти. Повеќе од 660 пиролизидински алкалоиди и N-оксиди се идентификувани во повеќе од 6,000 видови растенија, и околу половината од нив покажуваат хепатотоксичност. Често се присутни во растенија од фамилиите Boraginaceae, Asteraceae, Orchidaceae и Fabaceae; помалку често во Convolvulaceae и Poaceae, и кај најмалку еден вид од Lamiaceae. Проценето е дека 3% од цветните растенија содржат пиролизидински алкалоиди. Медот може да содржи пиролизидински алкалоиди, како и житарките, млекото, и јајцата.

Наводи

Категорија:Алкалоиди Категорија:Хепатотоксини Категорија:Растителни токсини