Форинт (ознака: Ft; код: HUF) — валута на Унгарија. На почетокот била поделена на 100 филери, но филерите (fillér) како монети повеќе не се во употреба. Воведувањето на форинтот на 1 август 1946 година бил клучен чекор во стабилизацијата на унгарската економија по Втората светска војна и валутата останала релативно стабилна сè до 1980-тите години. Преминувањето кон пазарна економија на почетокот од 1990-тите неповолно влијаело врз вредноста на форинтот; инфлацијата се искачила до 35% во 1991 година. Од 2001 година, инфлацијата е во едноцифрена вредност и форинтот се смета како целосто конвертибилен конвертибилен.BBC News Унгарија ги укинала последните ограничувања во однос на валутата на 18 јуни 2001 година. Како член на Европска Унија, долготрајна цел на владата на Унгарија е замена на форинтот со евро, но тоа веројатно нема да се случи до 2020-тите.
Историја мини|Форинт од Луј Први од Унгарија (1342–1382) мини|Форинт од Матијас Корвинус од Унгарија (1458–1490)
Името на форинтот потекнува од градот Фиренца, каде што биле ковани златници од 1252 година и биле наречени fiorino d'oro. Во Унгарија, флорентин (florentinus) (подоцна форинт (forint)), исто така монети создадени од злато, биле употребувани од 1325 година од Charles Robert и неколку други земји го следеле нивниот пример.
Меѓу 1868 и 1892 година форинт било име употребувано во Унгарски за парите од Австроунгарското Царство, познат на германски како гулден од флорин. Тој бил поделен на 100 krajczár (крајцери (krajcár) на модерен унгарски orthography).
Форинтот бил повторно вратен во употреба на 1 август 1946 година, кога пенго речиси целосно ја загубил вредноста од огромната хиперинфлација во 1945–46 година: највисока било кога забележана. Процесон бил спроведен од Унгарската Комунистичка Партија, која ги имала владеачките места во владата. Успехот на форинтот бил употребуван за политички придобивки, и придонел кон преземање на целата власт од страна на Комунистите во 1948–49 година. Форинтот го заменил пенго (pengő) со курс од 1 форинт (forint) = 4 пенго (pengő) — со кратење на 29 нули од старата валута. Всушност, ова била имагинарна стапка на замена. Со најголемата банкнота од 100 милиони B. pengő (1020 pengő), вкупната количина на пенго (pengő) во оптек имала вредност од помалку од 0.1 филер (fillér). (The "B" stood for an old-style "billion", i.e. a million million.) Од поголема важност била стапката на замена на адопенго (adópengő) од 1 форинт = 200 милиони адопенго (adópengő).
Во минатото форинтот бил поделен на 100 филери (fillér) (во споредбена вредност како пени), иако монетите на филерите биле сметани за безвредни заради инфлацијата и не се во оптек од 1999 година. (Од 2000 година, еден форинт имал вредност од околу половина САД цент или нешто помалку.) Унгарска кратенка за форинт е Ft, која се пишува по бројот со празно место меѓу нив. Името филер, помалиот дел на сите унгарски валути од 1925 година, потекнува од германски збор Heller. Кратенката за филер била f, исто така пишувана по бројот со празно место меѓу нив.
Во 1946 година, САД доларот имал вредност од 11.7 форинти.
По неговото воведување во 1946 година, форинтот останал стабилен во тек на следните две децении, но почнал да ја губи својата платежна моќ како што социјалистичкиот економски систем на државата (Планска економија) ја загубил својата компетитивност за време на 1970-тите и 1980-тите. По демократската промена во 1989–90 година, форинтот забележал годишна инфлација од околу 35% во тек на следните три години, но големи реформи на економијата помогнале тој да биде стабилизиран.
Монети
Во 1946 година, монетите биле воведени во употреба во деноминации од 2, 10, 20 филери (fillér) и 1, 2, 5 форинти (forint). Сребрена монета од 5 форинти биле повторно издадена само следната година, подоцна таа била повлечена од оптек. Монети од 5 и 50 филери биле издадени во 1948 година. Во 1967 година, монета од 5 форинти повторно била пуштена во оптек, следено од монета од 10 форинти во 1971 година и 20 форинти во 1982 година.
Во 1992 година, нови серии на монети биле пуштени во оптек во деноминации од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100 и (нешто различна, 500‰ silver) монета од 200 форинти. Производството на монети од 2 и 5 филери било сопрено во 1992 година, со повлекување од оптек на сите монети од филери во 1999 година. Од 1996 година, биколор монета од 100 форинти била кована како замена за верзијата од 1992 година, бидејќи последната била сметана за премногу голема и грда, и лесно можела да биде измешана со монетата од 20 форинти.
Сребрената монета од 200 форинти била повлечена во 1998 година (бидејќи нејзината номинална вредност била премногу ниска во споредба со нејзината претходна метална замена); монетите од 1 и 2 форинти останале во оптек сè до 29 февруари 2008 година. 1 and 2 forint coins were withdrawn from use from 1 March 2008. За платежни цели, вкупната цена сега се заокружува до најблиската вредност од 5 форинти (на 0 или на 5). The sum of total purchases is rounded Новата монета од 200 форинти The new 200 forint coin направена од основна метална легура tбила пувтена во оптек како банкнота од 200 форинти на 15 јуни 2009 година.
Банкноти
Во 1946 година, банкноти од 10 и 100 форинти биле воведени во употреба од Magyar Nemzeti Bank (Народна Банка на Унгарија). Нови серии на банкноти со повисок квалитет (во деноминации од 10-, 20 и 100 форинти) биле пуштени во употреба во 1947 и 1948 година. Банкноти од 50 форинти биле додадени во 1953 година, банкноти од 500 форинти во 1970 година, следени од 1000 форинти во 1983 година, и 5000 форинти во 1991 година.
Целосно редизајнирани нови серии на банкноти во деноминации од 200-, 500-, 1000-, 2000-, 5000-, 10,000 и 20,000 форинти биле пуштени постепено во периодот меѓу 1997 и 2001 година. Секоја банкнота прикажува познат унгарски водач или политичар на аверсот и место или настан поврзан со него на реверсот. Сите банкноти се со воден печат, содржат вградена вертикална безбедносна лента и се соодветни за лица со нарушен вид. Деноминациите од 1000 форинти и повеќе се заштитени со испреплетена холографска безбедносна лента. Банкнотите имаат идентична големина од 154 × 70 mm. Банкнотите се печатени од Корпорацијата за печатење на банкноти на Унгарија (the Hungarian Banknote Printing Corp.) во Будимпешта на хартија произведена од Diósgyőr Papermill во Мишколц (Miskolc).
Неодамна исто така се издадени и комеморативни банкноти: банкноти од 1000 и 2000 форинти за обележување на милениумот (во 2000 година) и банкнота од 500 форинти за обележување на 50-годишницата од револуцијата од 1956 година (во 2006 година).
Фалсификување на банкнотите од форинтите не е забележано во значајни размери. Сепак, фалсификувани банкноти од 20,000 форинти печатени на хартија од банкноти од 2000 форинти по растворувањето на оригиналното мастило може да се појави и тие тешко можат да бидат препознаени. Друга деноминација претпочитана од фалсификаторите е банкнотата од 1000 форинти сè до додавањето на дополнителни безбедносни мерки во 2006 година.
Банкнотите кои претходно биле во оптек се повлечени и рециклирани како материјали за производство на брикети.
Список на банкноти кои се валидни во моментот Сите банкноти се со големина од 154 × 70 mm.
+ Current seriesВредност Image Основна боја ОписПрва издадена серија Последна издадена серија Аверс Реверс Аверс Реверс 500 Ft Розова Принц благородник Франц Втори Ракочи (Francis II Rákóczi) Замок Шароспатак (Sárospatak) 2018 2018 1000 Ft Сина Крал Матиас Корвинус (Matthias Corvinus) Фонтана на Херкул од замокот Вишеград (Visegrád) 2017 2017 2000 Ft Кафена Принц благородник Габриел Бетлен (Gabriel Bethlen) Слика на Виктор Мадараш (Viktor Madarász) "Габор Бетлен (Gábor Bethlen) меѓу своите научници" 2016 2016 5000 Ft Жолта Grof Иштван Шечењи (István Széchenyi) Дворец Шечењи (Széchenyi Mansion) во Наѓиценк (Nagycenk) 2016 2016 10,000 Ft Виолетова и портокалова Крал Стефан Први Поглед врз Ештергом (Esztergom) 2014 2014 20,000 Ft Зелена и портокалова Ференц Дак (Ferenc Deák) Стара куќа на Пратениците (Representatives) во Пешта (Pest) 2015 2015
Моментални девизни курсеви
Историско движење
Најтргувани валути (од 31 декември 1990 г.): Година USD EUR DEM GBP CHF JPY1990 61,45 – 40,47 116,58 47,41 0,45241991 75,62 – 49,83 141,48 55,85 0,60351992 83,97 – 51,96 127,03 57,61 0,67321993 100,70 – 58,06 148,90 68,11 0,90221994 110,69 – 71,47 173,11 84,46 1,11051995 139,47 – 97,38 215,40 121,19 1,35391996 164,93 – 106,17 280,30 122,22 1,41741997 203,50 – 113,59 337,22 139,82 1,56501998 219,03 – 130,65 362,30 158,94 1,92421999 252,52 254,92 130,34 408,30 158,85 2,47062000 284,73 264,94 135,46 425,47 173,92 2,47702001 279,03 246,33 125,95 404,15 166,23 2,12512002 225,16 235,90 – 362,67 162,37 1,89662003 207,92 262,23 – 370,66 168,30 1,94432004 180,29 245,93 – 347,83 159,34 1,75842005 213,58 252,73 – 368,40 162,33 1,82002006 191,62 252,30 – 375,77 156,99 1,61112007 172,61 253,35 – 344,84 152,42 1,52442008 187,91 264,78 – 272,36 177,78 2,08232009 188,07 270,84 – 303,17 182,34 2,03632010 208,65 278,75 – 323,37 222,68 2,56522011 240,68 311,13 – 371,15 255,91 3,10512012 220,93 291,29 – 355,39 241,06 2,56962013 215,67 296,91 – 356,76 242,14 2,05422014 259,13 314,89 – 403,75 261,85 2,16862015 286,63 313,12 – 424,96 289,38 2,38122016 293,69 311,02 – 361,62 289,41 2,51342017 258,82 310,14 – 349,48 265,24 2,2984 Извори: arfolyam.iridium.hu
Валути на соседните држави (од 31 декември 2010 г.): Year PLN CZK RON RSD RUB TRY2010 70,40 11,12 65,07 2,62 6,83 135,332011 70.51 12.05 72.07 2.96 7.47 125.572012 71.50 11.62 65.71 2.56 7.26 123.292013 71.60 10.84 66.29 2.59 6.55 101.102014 73.88 11.35 70.23 2.60 4.45 111.362015 73.46 11.58 69.22 2.58 3.88 97.862016 70.29 11.51 68.53 2.52 4.78 83.292017 74.35 12.13 66.57 2.62 4.49 68.68 Sources: arfolyam.iridium.hu
Наводи
Литература
Надворешни врски
Официјален курс , Народна банка на Унгарија bankjegy.szabadsagharcos.org (каталог на унгарските банкноти) www.numismatics.hu papirpenz.hu (фотографии на унгарски банкноти) www.eremgyujtok.hu (Здружение на собирачи на монети) Унгарски банкноти Голем каталог на унгарски монети
Категорија:Економија на Унгарија Категорија:Валути Категорија:Валути во оптек