Џамија во Рибница — џамија во горнореканското село Рибница. Сместена е во западниот дел од селото, на стотина метри од исклучувањето на десната страна од патот кој води до селото Грекање.
Историја Од неколкуте плочи со натписи на албански јазик до влезот на црквата може да се забележи дека џамија во селото била изградена во 1888 година од страна на духовникот Вилдан Фаик Дибра. Над влезната врата од минарето има плоча на која е наведен датумот 8 март 2015 година.
Архитектура Градбата на џамијата има квадратна основа со пирамидален лимен кров во зелена боја. Влезната врата се наоѓа по средината на северната страна, при што на ѕидот десно од неа се прикачени плочите со натписи, додека лево од неа има отворен простор. Објектот заедно со минарето во целост се обоени во бела боја.
Галерија
Поврзано Рибница Гостиварско муфтиство
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рибница Категорија:Џамии во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Џамии во Гостиварското муфтиство