Свети Ѓорѓи — главна и единствена црква во долнореканското село Велебрдо. Црквата се наоѓа во крајниот јужен дел од селото, на околу стотина метри по исклучување од десната страна на долниот крак од патот кој минува низ селото.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Ѕидовите на црквата содржат повеќе монофори и слепи ниши. Влезната врата се наоѓа на западната страна и над неа има ниша со правоаголна слика со ликот на Свети Георги. Црквата во целост е изградена од камен. Влезниот простор е покриен со кров од ќерамиди, додека крилата и куполата се покриени со лимен кров.

Во дворот на црквата има помошен објект.

Галерија

Поврзано Велебрдо Дебарско-кичевска епархија Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Велебрдо Велебрдо