Манастир „Св. Богородица“ - Јанковец или Јанковечки манастир – машки манастир на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Преспанско-пелагониска епархија, Ресенско архијерејско намесништвоЗа епархијата на семрежното место на Преспанско-пелагониската епархија. Тој е еден од седумте манастири со монашки заедници во Преспанско-пелагониската епархија.

Местоположба Манастирот се наоѓа на 800 метра североисточно од ресенското село Јанковец, во пријатна котлина обрасната со дабова шума.

Историја Според одредени сведоштва манастирот датира од XV век. Манастирот се спомнува во Зографскиот поменик. Во рамките на манастирот имало училиште со славјански книги и до 1860 година, тука се одржувале собранија на кои се решавале црковно-училишните прашањаЈанковечкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на семрежното место на Македонска нација.

Наводи

Категорија:Храмови посветени на Пресвета Богородица во Македонија