мини|Бела мечка јаде тиква под вода. Сештојад, сејад или омнивор (од — „сè“ и vorare — „јаде“) – животно што јаде и месо и растителна храна.

Примери мини|десно|Свињите се пример на сештојад. Кај сештојадните цицачи забите се приспособени како за кинење на месо, така и за џвакање и мелење на растителни делови. Мечките се познати по тоа што го сакаат пчелниот мед, но се хранат и со мали животни, како што се рибите и ларвите на инсекти. Својата исхрана ја дополнуваат со растителна храна.Чинери, М. 2001. Велика енциклопедија животиња. ИТП „Змај“: Нови Сад. . Занимливо е дека верверицата, која инаку се храни со ореви, желади, лешници и семе од четинарски дрва, исто така ги напаѓа и птиците и нивните јајца.Симоновић, Д. и сарадници. 1953. Природописни атлас: Сисари. Знање: Београд. Човекот исто така е сештојад.Луѓето се сештојади

Меѓу птиците, враната и гавранот се сештојади. Посебно е познат гавранот по тоа што јаде многу разновидна храна, всушност сè што е хранливо, а може да биде и мршојадец.

Наводи

Надворешни врски Што е тоа сештојад? Nature Works: „Omnivores“

Категорија:Животни Категорија:Етологија