Бојка Вапцарова – публицистка, историчарка на литература, дете на Григор Димитров и Параскева Георгиева од Кочани, сопруга на поетот Н.Ј. Вапцаров.

Животопис Завршила математика на Софискиот универзитет и едногодишна школа при Сојузот на бугарските новинари. Со сопругот се запознала на собирот во с. Бараково (28 август 1932 година) и стапиле во брак на 11 февруари 1934 година. По Втората светска војна, објавила значајни спомени од сопругот (за декадата 1932-1942 година) и како соработник на Институтот за литература на БАН се појави како плоден истражувач и публицист во неговата оставина.

Литература ЛИТ.: Никола Ј.Вапцаров , Творби. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје, 1979; Никола Вапцаров, Песни за татковината.Собрани стихоби. Подготовка и превод д-р Блаже Ристовски, Скопје, 1986. С. МЛ. ЛИТ.: „Съпруга на безсмъртен (Фамилијарниот живот на Никола Вапцаров. Психографски портрет на Бојка Вапцарова)“, Асеновград, Екобелан, 2009, 232 с.

Наводи

Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски историчари на уметноста Категорија:Луѓе од Горна Џумаја Категорија:Луѓе од Кочани Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски општественици