Септемвриско востание () – била вооружена побуна која во септември 1923 година ја извела Бугарската комунистичка партија под притисок на Коминтерната во обид да се собори новата влада на Александар Цанков која дошла на власт со пучот од 9 јуни. Покрај комунистите, востанието го поддржале и земјоделците и анархистите. Целта на востанието била "воспоставување на влада на работници и селани " во Бугарија, а не претворање социо-економскиот систем на земјата во комунизам.
Категорија:Бугарски востанија Категорија:1923