250px|мини Пазинска Јама (45°14′N; 13°56′E) – јама кај Пазин. Таа е единствена хидрогеолошка појава за целиот динарски карст, заштитена е и прогласена за споменик на природата.Istrapedia S. Božičević: Pazinska jama Настанала точно на границата меѓу сивата и црвената Истра.Grad Pazin Pazinska jama

Легенди Во хрватскиот народ постои легенда за настанувањето на Пазинската Јама која се поврзува со дивот Драгоња.

Истражувања Првите спелеолошки истражувања како и првиот нацрт на понор (геоморфологија)понорот ги направил францускиот спелеолог Едуар-Алфред Мартел од 1893 до 1896 година. После италијанските спелеолози во 1920-тите години, геологот Мирко Малез со група загрепски спелеолози спровел истражувања во 1960-тите и изработел детален нацрт. Во 1975 година, пазинските спелеолози нуркачи, нурнале во крајниот дел и откриле продолжение долго 70 м од потопениот дел на понорот со проширеното Митрово Езеро како и видливо, но неистражено продолжение.

Другото пештерско езеро, Мартелово Езеро, со сифон е споено со Митровото Езеро.

Особини Познатата должина на подземниот дел на понорот изнесува 270 м. Отворот на Пазинскиот Понор се наоѓа под вертикална стена висока 198 м на која се наоѓаат куќи од градот Пазин, на крајот на кањонот, долг неколку стотини метри и длабоко врежан, на Пазинчица, најголемата понорница на Истарскиот Полуостров. На работ на стрмата стена над кањонот Пазинчица, недалеку од понорот, сместен пазинскиот каштел. 200px|мини|Вертикалната стена на која се наоѓаат куќи од градот Пазин

Влезот во понорот е шуплина висока повеќе од 20 м и широка 30 до 50 метра, исполнета со големи блокови стени. Подземниот канал понатаму се протега во правец на југозапад, од влезот се стеснува на ширина од приближно 10 м, а потоа повторно се шири. На стотина метри од влезот почнува проширување кое обликува завршна сала долга 80 м и широка околу 20 м со сифонско езеро. Нивото на езерото во време на минимален доток на вода е 12 м под нивото на влезот. Ширината на езерото е најголема на неговиот крај, каде понекогаш се забележува вител во водата. Обиколка на езерото единствено е можна со кајче бидејќи длабочината на водата е главно 10 м. Според нацртот на Мирко Малез, точката на другиот крај на салата од влезот е оддалечена 215 м. Понорот бил формиран во водопропусни варовнички стени од периодот креда, на место на контакт со водонепропусни флишни еоценски седименти. Со издигање на истарската варовничка плоча во геолошкото минато, водите од зад флишот почнале корозиски и ерозиски да го шират распуканиот варовник долж раседните пукнатини и така да обликува канали, премини и сали со различни големини. За време на пролетните и есенските врнежи, како и за време на летните поројни дождови, во понорот дотекуваа големи количини поплавни води, па нивото на водата на отворот се подига и повеќе од 50 м. Тогаш во проширената долина кон Пазин во правец на Церовље се формира езеро долго 2-3 километри, кое може да предизвика значителна материјална штета.

Се покажало дека водоносникот во чии води учествува и Пазинчица, водата ја упатува кон изворите на источниот и јужниот крај на Истра – во Раша и Блаз.

Заштита Пазинскиот Понор е заштитен со закон како значаен предел. Заштитено подрачје се кањонот и понорот на Пазинчица во должина од околу 500 м и длабина од околу 100 м, како и Пазинската Јама.

Книжевност Јамата и понорот го вдахновиле романописецот Жил Верн во романот Матијас Сандорф со мечта да ги прошета своите јунаци низ таинствената Пазинска Јама. Ова место ги вдахновило и Владимир Назор, Шарл Иријарт, а можно и Данте.

Наводи

Надворешни врски http://www.pazinska-jama.com/

Категорија:Пазин Категорија:Заштитени подрачја Категорија:Пештери Категорија:Пештери во Хрватска